Италијански рецепт

Тосканска супа

Вкусна супа од колбаси и зеленчук со италијански шмек.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 450 гр. колбаси
  • 50 гр. сецкана сланина
  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 450 мл. пилешка супа од коцка
  • 1 л. вода
  • 2 големи компири
  • 100 гр. штавеј, крупно исецкан
  • 200 гр. павлака

Подготовка

Компирите исечете ги на парчиња со дебелина од 3 милиметри а потоа на триаголници.

Загрејте масло во тенџере. Додајте ги ситно исецканите колбаси и кромид. Пржете додека не добијат златно кафена боја. Додадете го ситно сецканиот лук и пржете уште 2-3 минути.

Потоа додадете ги супата, водата и компирите и почекајте да зоврие. Варете ја супата околу 10-15 минути, или додека не омекнат компирите. Додајте го исецканиот штавеј и намалете ја температура. После неколку минути додадете ја павлака и убаво промашајте. Послужете ја супата топла.

Добар апетит!

30 мај 2012 - 07:00