Ракометарите на Веспрем го совладаа Нант во реванш четвртфиналето од ЛШ со 32:30, но победата е пирова, бидејќи францускиот состав славеше +4 на првата пресметка. Во превод тоа значи дека кралот Кире Лазаров на 41 година го завери седмиот фајнл фор во кариерата.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука по колку пари да и дава на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, во зависност од резултатите нели. На пример за победа ќе делат 300.000 евра.
Јувентус со 2-1 ја совлада Аталанта во финалето на Купот на Италија а легендарниот Џиџи Буфон го освои најверојатно последниот трофеј во својата енормно богата кариера, исполнета со рекорди.
Нивото на болести на црниот дроб кои се поврзани со алкохолот е зголемено за 30 па и 50 посто во однос на периодот пред пандемијата и посебните режими на живот. Тоа таму кај што мерат такви работи. Кај нас веројатно нема ни да го примат човек, пандемија е.
Снимкава е стара нешто повеќе од 10 години од мечот Тотенхем - Дерби, кога имаше публика нели. Мајсторот е Адел Тарабт, а жртва Крег Фаган. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 30. Безценето.
Украина запленила 1.500 литри вотка направена од чернобилски јаболка. Не дека се работи за некој таен проект. Вотката транспарентно e наречена „Атомка“ и сега се бара назад, во име на науката.
Предолгото работно време е смртоносно за стотици илјади работници годишно. За љубител(к)ите на приказните за привилегираните мажи, податок дека огромно мнозинство од прегорените се средновечни или постари мажи.
„Поставивме стандарди недостижни за нашата сцена, и сето тоа во време на пандемија, ограничувања, забрани. Пронајдовме начини да бидеме живи, иницијативни, енергични, иновативни, креативни, да ја развиваме колективната свест“.
Оние кои порано се бореа против непотребно и прекумерно следење и шпионирање на своите сограѓани, за многу кратко време станаа промотори на кодошлук. Угледни медиумски аутлети сега промовираат новинарство кое се спроведува во соработка со разузнавачките и шпионски служби.
Млад бразилски фудбалер кој од Грција преку Литванија стигна до израелската лига, објави видео на кое покажува колку ужасно е разрушен неговиот дом во Петах Тиква од страна на ракетите кои ги испалил Хамас.
Што викаше Фабио Капело, во едно семејство има кавги и дискусии, а не па во еден фудбалски тим составен од 30-ина фудбалери и тренери. Интер освои титула, прослави скудето, ама се 'рчнаа Конте и Лаутаро Мартинез.
Синиша и Аријана имаат три ќерки и два сина. Епа Вирџинија е трудна, а од веста направи видео во кое ја има реакцијата на најблиските. „Што бе, се шегувате? Годинава? Ми доаѓа да плачам“, вели стратегот на Болоња.
Доколку светските лидери реагираа на време и како што треба, пандемијата на ковид ќе беше спречена и немаше да го чини светот милиони жртви и неброени загуби во пари, тврди извештај на СЗО.
Денвер Нагетс го победи Шарлот со 117:112 и обезбеди предност домашен терен во првото коло од плејофот. Никола Јокиќ одново развали и покажа зошто веќе не треба да има дилеми кој да стане МВП на сезоната.
Ако некогаш сте на мисла дека сте ја згрешиле професијата што сте ја избрале, дозволете да го ескалираме јадежот - тазе банкари добиваат по 40.000 долари бонус за да не си одат од банката што има пари да им даде 40.000 долари бонус.
После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.
Мерењето температура стана дел од протоколите во текот на пандемијата, на влез на институции, авиони, училишта. Магичната бројка која одредува дали сте ок или не е 37 степени Целзиусови (98,5 по Фаренхајт). Од каде потекнува овој стандард и дали е воопшто релевантен денес?
Нов блесок на голманот на Македонија во португалскиот шампионат и тоа во големото дерби Порто - Спортинг. Домаќините славеа 33:30 благодарение најмногу на јуначките интервенции на Никола, особено во клучните моменти на 30:30.
Нова монографија преку која оние што биле дел од опишаните настани ќе можат да се потсетат на своето херојско минато, оние од средната генерација ќе жалат по една интелектуална атмосфера која е тешко замислива денес, а пак младите ќе знаат дека имало нешто и пред нив, од кое можат да учат.