Во меморандум испратен до вработените, првиот човек на Хуавеи, Рен Женгфеи, порачува дека компанијата треба да биде се издигне на ниво за војна, за да се справи со блокадите од САД.
Сакаат да живеат вечно и многу пари, време и енергија посветуваат само на едно прашање: како да се преживее додека смртта не стане опционална. Се нарекуваат трансхуманисти иако од хуманизам, главно мислат на себе.
Летово Барселона за Гризман даде 120 милиони евра, што само го потврди статусот на Французинот како еден од најдобрите играчи на светот. Оние кои знаат повеќе за него, сигурно го гледале раскошниот документарец за Антоан од Netflix, но таму не се зборува многу за најважниот човек во неговиот живот.
Давиде Москардели е култна личност во Италија. Нема место на Апенините каде не го сметаат за еден од најдобрите италијански дриблери. Сезонава пак ќе го гледаме во дресот на Пиза со која се пласираше во Серија Б.
Возилото е Порше тип 64, направено од Фердинанд Порше некои 9 години пред да ја основа компанијата. Почетната цена требаше да биде 10 милиони долари а се очекуваше да стигне до 30 милиони. Само што почна аукцијата се случи хаос.
По апсолутно најубавиот гол од почеток на новата сезона кој го даде Аниело Салѕано од италијанска Тернана, синоќа во Аргентина падна еднакво убав. Стрелец беше Енцо Калински кој во 83’ минута ја потврди убедливата победа на Естудијантес од 3:0 над Индепендиенте.
После точно 27 години, се снима ново продолжение на едно од најпопуларните и најуспешните детски серијали од деведесеттите години, забавно-музичкото шоу „Дајте Музика“
Минатата година клубот Рен стана откритие, затоа што одлично играше во Ла Лига и стигна дури до 1/8 финале на Лига Европа каде во првиот меч го совлада Арсенал. Славеше и над ПСЖ во финалето на Купот на Франција, а истиот ривал го совладаа и синоќа.
Меркел порача дека ги укинува фондовите за амазонската шума се додека Болсонаро е претседател на Бразил. Болсонаро врати со - да си гледаш германските шуми, а не Амазон.
Разведена е. Пие вино, пуши трева и има еден куп розеви пушки. Повраќа, крвари и оди во тоалет. Пцуе во јавност, има трансродови пријатели и често покажува среден прст. И од некоја причина, има еленски рогови.
Сето ова време, цела хотелска индустрија (и слична фела) да не лажела дека постои хемикалија што ја претвора водата во базените во друга боја кога ќе мочаш во нејзе. Е па, не постои.
Од ова нема да научите како вие да направите империја. Без разлика што Џенер еднаш тресна дека е „самонаправен” милијардер, тешко дека некој ќе заборави од каде доаѓа. Сепак, јавни фаци има колку сакаш, ама не стигнале сите до овие размери.
Филип Рајнс е поранешен заменик-асистент државен секретар на САД и советник на Хилари Клинтон кој 17 години работи за нејзе. Рајнс исто така е човекот на кого Хилари се вежба за своите дебати со Трамп за време на изборите 2016.
Македонскиот голгетер Илија Несторовски одлично ја темпира формата пред стартот на Серија А која почнува на 24 август. Удинезе го совлада нисколигашот Сан Луиџи со 9:2, а Иле погоди во 30-та и 34-та минута.
Авторката на „Сексот и градот” размислува за љубовниот живот и женските пријателства, исто како во епските колумни што станаа серија, со тоа што, овој пат обрнува внимание на жени над 50 години.
Од нашата дамнешна посета на Стоунхенџ ни останало во сеќавање како среде ливада стојат големи камени блокови, додека наоколу нема камен - ни со камен да фрлиш. За тоа од каде пристигнале сега се знае повеќе, но не и за тоа како.
На 30 јануари, 2000-та, годината во која го освоија Скудетото, на мечот Лацио – Бари на трибината под негова контрола се појави транспарент со поддршка на Аркан. Држеше бизниси со обележја на Лацио, а беше апсен за трговија со дрога под обвинение дека е шеф на криминална група.