Иако Бешикташ важеше за фаворит на овој меч, се очекуваше Металург да пружи поголем отпор и да биде тврд орев. Наместо тоа тимот од Автокоманда не најави дека излегол од слабата форма која трае од стартот на натпреварувачката сезона.
Фиорентина со 3:0 го совлада СПАЛ во 5. коло од Серија А. Третиот гол во мрежата на гостите го даде 20-годишниот италијански репрезентативец Федерико Кјеза кој после голот истрча кај брат му Лоренцо Кјеза кој игра за Фиорентина У-14 и кој собира топки на дуелите на „Артемио Франки“.
Поголемиот дел од својата 138-годишна историја клубот Манчестер Сити го минал во тотална сиромаштија, но парадоксално меѓу навивачите има многу носталгични за тие времиња во кои клубот бил секому достапен. Денес Сити е симбол на модерниот капиталистички фудбал.
Планот за вадење на основачот на Викиликс од амбасадата во Лондон за време на католичкиот Божиќ во 2017 не е исполнет затоа што се покажал како премногу ризичен, се тврди во веста објавена од Гардијан.
Снимката е стара 30 години, како и што може да се забележи, а инаку се работи за меч од ФА Купот на кој Манчестер Сити успева некако во последните минути од мечот да даде гол. Налет голот, сепак сметаме дека е најважно е што сите се живи и здрави.
Во 105-годишната историја на ривалство меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт, фудбалерите и навивачите на двете екипи направиле сè што е возможно за ова дерби да стане најмоќно во светот. Зошто овој вековен дуел стана туристичка атракција и сон на многу луѓе ширум светот.
Фудбалерите на Лион го направија изненадување на колото во ЛШ откако освоија 3 бода на Етихад. Гостински победи забележаа и Баерн, Манчестер Јунајтед и Јувентус без исклучениот Роналдо, а бранителот на титулата ја суреди Рома убедливо.
Сезоната само што почна и после неколку одиграни кола во англиската Премиер лига веќе ја добивме фотографијата на годината - палецот на Јан Вертонген во окото на Роберто Фирмино на мечот Тотенхем - Ливерпул.
Режисерот Стив МекКвин („Срам“ и Оскар за „12 години роб“) почнува нов проект - ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон.
Почнуваме сезона на ексфолијации, хемиски пилинзи и микродермабразии (еден куп локални козметичари ги нудат како врвна ствар). Причината е што летото завршува, навечер и сабајле притребува ќебе, а изложеноста на сонце води кон брчки, мртви клетки и слични други непријатности.
Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но таков лифт не постои.
Ливерпул и ПСЖ целосно го оправдаа епитетот дерби во првото коло од ЛШ, а англискиот тим го урна скапиот француски состав и му покажа зошто лани беше во финале. Галатасарај тргна победнички пред своите навивачи, а со полн плен од гости си заминаа Атлетико и Борусија. Немаше голови само на Маракана.
Ако некогаш сте планирале свадба од големите, со гости од типот „од на чичко ми старата работа, шефот со жена му”, веројатно ви е јасно дека тоа кошта. Сами си ја плативте? Баш сте демоде.
Две години по ред ја освојува Премиер лигата, пред два месеци стана светски шампион, а најјакото кај него е што он по природа е шампион во душа. Нема друг фудбалер на светов кој се однесува вака едноставно. Фиќо старо 30 години да му дадеш ќе го вози низ град.
За услугата “изеди колку сакаш“ во еден суши ресторан дечкото платил поштено ама после и поштено јадел. Кога сакал да остави и бакшиш, го замолиле во иднина да го заобиколува ресторанот.
Викендов беше празник за очи кога се во прашање евроголовите. Да не знае човек што попрво да издвои. Од чудесниот потег на Ибра, волшебниот волеј на Паје, до овој брутален проектил на Мохамед Камара на мечот Олимпијакос - Астерас Триполис.
По храбрата и борбена игра, како и фантастичните голмански интервенции, но сето ова само во првиот дел, ракометарите на Металург го загубија првиот натпревар сезонава во Лига на шампиони. Тимот од Автокоманда падна во второ полувреме.
Најголемиот заводник кој некогаш играл на Апенините не е ниту Виери, ниту Инзаги, ниту големиот Дејвид Бекам. Сите овие заедно му спушаат капа и му се поклонуваат на левоногиот центарфор кој играше речиси во сите клубови од Серија А.
Некогаш глумата беше правење уметност од занаетот да се нијансира некој карактер. Да се биде денес глумец во Холивуд, за многумина главно значи да се одржува физикусот од чија кондиција и изглед директно зависат следните улоги и пари. Некогаш актерите не можеа да излезат од ликот, денес не можат да излезат од теретана.