Состојката што ви фали во секојдневната нега на кожа

Почнуваме сезона на ексфолијации, хемиски пилинзи и микродермабразии (еден куп локални козметичари ги нудат како врвна ствар). Причината е што летото завршува, навечер и сабајле притребува ќебе, а изложеноста на сонце води кон брчки, мртви клетки и слични други непријатности.

„Нонстоп имаме мртва кожа,” објаснува Франческа Фуско, њујоршки дерматолог, „а тоа води кон предвремено стареење, кафеави флеки и никаков тен.” И можеби сте задоволни со вашата рутина, па уште и ако е препорачана од дерматолог не значи дека мора да ја смените, но да речеме, може да се размисли за пауза од традиционалните хемиски третмани и да се поужива во последните летни денови.

Ако би размислиле, за среќа постојат серуми полни со гликолна киселина, она што доктори знаат често да го спомнат во контекст на способност за регенерирање на колагенот, задебелување на кожата и изедначување на тонот. И иако ваквите серуми и нивните сродни креми за лице, инаку одобрени од дерматолози, не ја отстрануваат мртвата кожа од лицето видливо, сепак „ја откриваат посветлата кожа под мртвиот слој”, според Фуско. Безбедни се за користење при изложување на сонце и за чувствителна кожа, а го постигнуваат истото, без црвенило и лупење.

Фуско препорачува нанесување на производите со гликолна киселина навечер, по чистењето на лицето за оптимално впивање. „Кожата ни се регенерира и заздравува додека спиеме,” вели таа. „Плус, не можеме веднаш да бидеме изложени на сонце или загаден воздух, кои се често предизвикувачи на пигментација и ситни брчки. Со нив, мора и најмалку 30-ка заштитен фактор и никако да не се забораваат вратот и градите.”

Пребарување на гугл на кирилица главно води кон препарати и сајтови каде што гликолната киселина се спомнува во контекст на хемиски третмани и слично.

Ваше е да се распрашате по аптеки.

Наше е да ви покажеме дека со пребарување на glycolic acid овде има резултати.

19 септември 2018 - 09:06