Шоу како Симпсонови, со неговите алузии, референци, цитати и пародии, душа дало за истражување. „Симпсонови и филозофија" и „Психологијата на Симпсонови", такви книги веќе постојат. Сега им се придружува уште една, која тврди дека Симпсонови имаат и - математички тајни.
Дејвид Бирнбаум се збогатил продавајќи им накит на филмски ѕвезди. Но неговата огромна книга со помпезен наслов има врска со малку поинакви теми. Клучни зборови: космос, матка, потенцијал, метафизика. И според многумина, со благо лудило.
Koга се во прашање стриповите, главно ги фаворизираме нам омилените Калвин и Хобс и xkcd. Но еден неправедно сме го прескокнале - Дилберт и неговите канцелариски авантури. Интервју со неговиот автор, по повод излегувањето на неговата нова книга.
Пријателството е еден од оние концепти кои интуитивно ги препознаваме, но кој одолева на обидите да се дефинира и рационализира. Една нова книга се обидува да го стори токму тоа.
Германскиот, со неговата способност да формира „долга магарица“ од неколку зборови, често е извор на заемки, барем во англискиот. Schadenfreude (сеир) или Zeitgeist (дух на времето) се само некои примери. А зошто покрај постоечките да не се измислат и нови?
„Мојот српски волк" е љубовно романче од извесна Харизма Најт. Има само 90 странички, ама доволно да собере куп негативни критики на Амазон, од типот „ѓубре", „ужасно", „грозно". Но еден осврт на Good Reads може да послужи како урнек за рендање на ваквите жални книжевни обиди.
Новата книга „Што го прави човека херој?" тврди нешто во кое често ни е малку тешко да поверуваме - дека човечкиот мозок е програмиран за несебичност. И дека песната на Мараја Кери не е толку лигава колку што звучи.
Били Кристл, актер, продуцент, комичар и режисер, кој стана најпознат по „Кога Хари ја сретна Сели", и по тоа што дури девет пати го има водено доделувањето на Оскарите, издаде автобиографија. Богами, има и што да раскажува.
Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.
Американскиот поет Кенет Голдсмит во уметничка галерија во Мексико сити успеа да собере 10 тони хартија со веб материјал, кои се дел од изложбата „Печатејќи го интернетот".
Дури и за еден не-гејмер темата на играва делува промашено. Покрај толку верзии на историски спектакли, тепачки, стратегии, кој е тој кој би сакал да си троши време на игра со човек што се мачи да напише роман, и тоа на машина за куцање?
„Дали е до вложениот труд, или до вродената дарба?" - вака обично размислуваме за врвните уметници, во чии биографии најчесто се вели дека од мали покажале талент за областа во која подоцна се прославиле. Поретко истото прашање го поставуваме за врвните спортисти.
Бред Стоун, долгогодишен репортер од Силициумската долина, долго време работи на нешто за што се надева дека ќе биде најисцрпната биографија на Безос до сега. Излегувањето на „Продавницата за сè: Џеф Безос и ерата на Амазон" се планира во октомври.
Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.
Во пресрет на десетгодишнината од смртта на Џони Кеш, неговиот син ја издаде својата прва книга за деца. Лупус Рекс е посветенa на „сурово чесниот однос кон природата", кој таткото му го пренел уште во детството.
Двете ќерки на Матју Рот, 34-годишен писател и дизајнер на видео игри од Бруклин, многу му досаѓале со прашања дур едно попладне се обидувал да прочита неколку реда од омилениот писател. Неговото решение - книга со неколку раскази на Кафка, прераскажани ко за петгодишни.
Знам неколку души што ќе бидат воодушевени од текстов, затоа што истото она што тие цело време го зборуваат за Боно сега излегува од перото на Тери Иглтон, еден од најгласните британски литературни критичари и коментатори на современата култура.
Фелини освен со режија се занимавал и со сликарство. Прво цртал карикатури на филмски ѕвезди. Потоа во дневниот весник „Доменика дел Кориере" објавувал стрипови, а кон крајот на 1930-тите станал уредник на популарното сатирично списание „Марко Аурелие". Но сепак најинтересни се цртежите од неговите сништа, кои во моментов се изложени во Ријека.
Брадата е еден благороден израсток на машкото лице, кој историски асоцира на востаници и одметници, а современо на наши драги пријатели и домашни. Како поддршка на нивните напори за небричење, и критика на секој обид за интервенција во оваа смисла, еве една фото серија, која отсликува една цела „брадеста" подкултура.
Цикадите се вид инсекти на кои им требаат 17 години да минат од ларва до бубачка. Во САД оваа година се подготвија за наезда на овие прилично иритирачки суштества, кои се множат во милијарди. Но композиторот Дејвид Ротенберг решил нивната инвазија да ја искористи за - музика.
Другарот Боро бил толку присутен на овој сајт, што понекогаш се воздржуваме да не преведеме нешто ново од него, само за да не ве удавиме. Ама сега еве ветуваме дека за некое време ќе апстинираме. И тоа затоа што - му објавивме книга!
Да не ни беше вака објаснето, навистина немаше да знаеме, и ќе стоевме ко збунети среде продавница, со необичниот предмет в рака. Сега е јасно - тој е за читање. Има неограничен рок на употреба. И нема опасност при правилно користење. За последново сепак сме некако скептични.
Автобиографијата на еден од најславните тенисери во историјата на овој и-не-толку-бел спорт потврдува. Дека тој не бил несфатен, туку едноставно - кретен.