На 29. септември во продажба излегува книгата „Жозе Мурињо, одблизу и лично“, напишана од спортскиот новинар Роберт Бејли кој открива што сè му раскажал Португалецот за неговата кариера.
Во едно неодамнешно интервју, поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија и член на боксерската Куќа на славните, Мајк Тајсон, кој годинава наполни 50 години раскажа што му се случило во едно средно школо.
За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.
За сите вие кои мислите дека ве бива за играње Менаџер и дека можете да го прегорите компјутерот, имате уште многу фурни леб за јадење. Навивач на Ливерпул оствари бројки за Гинис на оваа тема.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.
Буцкото од Сардинја со жената и децата поминува само 56 дена во годината, затоа што на лице место сака да зборува со играчите, нивните жени, газдите на клубовите и тренерите. За трансферот на Недвед во Јувентус вели дека може да напише голема книга.
Ден Вокер, познатиот презентер на БиБиСи се јави од Копакабана во Рио де Жанеиро да известува за тековните настани на Олимписките Игри. Во еден момент забележа дека зад него некој пар „само чита книга“ или „се гушка“.
Во 2017 година тврди дека ќе влезе во Гинис со рекорден број на влетувања на терен за време на фудбалски натпревар. ФИФА го обвини нека бил најлош пример на Мундијалот во 2014-та, бразилските власти го избркаа, а неговата порака е: Да има мир во светот.
Џерод Хас е тренер во колеџ лигата во САД и е назначен е за нов стратег на Стенфорд. До тука ништо не нè интересира. Одиме со неговите случки како кошаркар. Патувал 48 часа со автобус во два правци и го прашале зошто не играш добро. Јасно ви е од каде тргнал, така?
Дури и за најбогатите домаќини прав предизвик било каков подарок да ѝ се даде на светската фудбалска икона кој во животот добил сè и сешто, но сега се решава на аукција да ги материјализира сите предмети.
Од 19. мај во неколку европски земји играше премиера на филмот „Златан. Почетокот" кој раскажува за младоста на напаѓачот на Шведска. Во својата биографија, Ибра на многу места зборува за Малме, градот во кој се родил, живеел, учел и ја почнал фудбалската кариера.
Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.
Најсилниот состав во историјата на турскиот фудбал пред 14 години се качи на светскиот подиум како трета репрезентација на Мундијалот одржан во Јужна Кореа и Јапонија. Каде се сега актерите на тој успех?
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.
Иако му е рано за буквар, читанка или било каков вид на книга, Рајан Вест веќе го положи првиот испит за верен навивач. Малиот на 3 години ги знае сите играчи на Тотенхем и по број на дрес и по име. Знае кои седат и во стручен штаб, а кажа и третиот голман.
Ако Бенитез е предмет за тролање, а Мурињо контроверзен, Клоп дефинитивно е најинтересниот лик кој од тренерската клупа направи комбинација на добар стратег, мотиватор и комичар, ама тоа го прави уникатно и природно. Едностано му стои на човекот.
Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.
...Сега пак сакам да кажам прекрасна, пред да продолжам што стварите што ги научив. Значи, многу е прекрасна. Заљубена сум во ова. Нај-rewarding ствар у свет. Онака, го разбирам вистинското значење на зборот rewarding сега, ако не можам да го преведам. Сакам да се омажам за писателството. Да му родам деца.
Играч на Јужноамериканскиот тим Америка де Теофило Отони после само две секунди од почетокот на мечот влезе во бележникот на судијата и го сруши досегашниот рекорд.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.
Една од најомразените личности во францускиот спорт, Рајмон Доменек изјави дека со книгата која што стана најпродавана во Франција и преведена на неколку јазици, завршило каменувањето врз него кое траеше со години.
Како селектор на младинците на Источна Германија, во Суботица паѓа во искушение да бега кон Западна Германија, а во меѓувреме избегнува труење од страшната служба за државна безбедност, Штази. Станува херој кој спаси неколку бундеслигаши од испаѓање.
Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.
„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.