Прославената игра „Фудбал Менаџер“, Англичанецот Дарен Бленд ја играше 174 дена или поточно 173 дена, 16 часа и 51 минута, време кое го помина пред компјутер и со кое успеа да влезе во Гинисовата книга на ракорди.
Континуираното играње на Дарен траело од почетокот на 2013-та до крајот на 2014 година. За тим ја одбрал Фиорентина со која освоил 151 титула во 154 сезони од 2010-та до 2163 година.
Покрај легендарната бројка од 151 Скудето во Серија А, тој го направил и најскапиот трансфер во 2040 година кога го купил Луис Техедор за 120 милиони евра.
„Во реалниот живот јас сум навивач на Ливерпул од 80-те, но сакав Фиорентина да ја искачам до врвот на фудбалот. Кога почнувам да играм со еден клуб потоа не го менувам. Ја избрав Фиорентина и затоа што мојот омилен играч, Бразилецот Сократез во 1982 година одигра една просечна сезона со нив, но и затоа што да се игра во виолетова боја не е лошо за еден 154-годишен човек“, вели Бленд.
Кој знае до каде ќе стасал овој зависник на Менаџер кој морал да ја прекине играта во сезоната во 2163 година бидејќи истурил сок врз лат топот.