„Има многу причини, но најважните ги знае само лично тој“, вели Дан Нелес, спортски специјалист во аукциската куќа Жулиен Аукшнс.
„Беше тешка одлука, но за овие артефакти треба многу грижа и нега, а јас чуствувам дека можеби е подобро да ги споделам овие предмети со светот, како и да им помогнам на моите причини кои се поважни за мене“, изјави Пеле алудирајќи на тоа дека му се потребни средства за здравствена нега и општо за живот.
„Тој има многу имот кој не гледал светлост на денот што сега ќе се смени со аукцијата. Исто тој не беше сигурен што сакало да задржи семејството и не сакал колекцијата од артефакти да пропаѓа. Исто и Пекуењо Принчипе, педиатриската установа која што тој ја поддржува ќе добие дел“.
„Има многу вајлдкарти на аукцијата, трофејот Жил Риме, медалите од Светските првенства, копачките, дресот, што значи дека наддавањето може да оди од 3 до 10 пати нагоре. Има и доста предмети кои ги носел на себе за време на кариерата“, вели Нелес кој очекува на аукцијата да се пријават многу фудбалски навивачи и колекционери па и спортски музеи и бизнис корпорации.
„И покрај тоа што аукцијата ќе биде во Лондон, ние нема да продаваме само на клиенти од Велика Британија, туку насекаде во светот, затоа ќе имаме и пренос во живо на нашиот сајт преку кој наддавачите ќе може да учествуваат“.
Најголем интерес се јавува за црните фудбалски копачки кои Пеле ги носел во филмот „Escape to Victory" кои ќе бидат на аукцијата. Во филмот во кој Бразилецот играше заедно со Силвестер Сталоне и Мајкл Кејн како и капитенот на Светскиот шампион Англија, Боби Мур, тие се затвореници во нацистички затвор и ќе играат пропаганден фудбалски меч за време на Втората Светска Војна.
Пеле со копачките се појавува некаде на крајот од филмот кога го постигнува фамозниот и драматичен гол со ножички за неговиот тим.
„Сфаќам дека филмот е култен во Британија и овие копачки се надвор од нормата. Мислам дека има голем интерес за неговиот хајлајт во филмската кариера", вели Нелес.
Овие копачки во каталогот на аукцијата се движат од 6.000 до 8.000 долари (4.000 до 5.500 фунти).
Американската авантура
Пеле го држи рекордот како најмладиот играч и стрелец во финале на Светско првенство. Легендарниот Бразилец е и во Гинисовата Книга на Светски рекорди по бројот на постигнати голови во кариерата, вкупно 1.283.
Пеле бил во составот на Бразил кој го освои Мундијалот во 1958 и 1970, а дал гол и во двете финалиња. Играл и на Светското првенство во 1962 кое исто го освоија Кариоките. Со Сантос на клупско ниво има две титули во Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот Куп. Подоцна во кариерата заминал во САД за да го популаризира „сокерот" во новата лига НАСЛ во средината на '70-те години.
Пеле од многумина се смета за најдобар играч на сите времиња. Стана светски најпрепознатлива личност, а деновиве во Европа и во САД игра филмот „Пеле - раѓањето на легендата".