Сомнежот веднаш падна дека договорот се должи повеќе на неговото име отколку на неговиот талент. Кратко по трансферот, следуваа санкциите од ОН поради терористичкиот напад со срушениот авион во Локерби 1988. година кога Муамар Ел Гадафи ја прифати одговорноста дека Либијци подметнале експлозив во летот Пан Ам.
Гадафи тогаш се согласил да плати оштета за семејствата на 270 загинати. Теориите на заговор не престануваа да излегуваат. Дали трансферот на Саади бил оркестриран од Берлускони - кој тогаш беше премиер на Италија, со цел да ја подобри перспективата на Италија за богати договори со Либија? Како поранешна италијанска колонија, Либија има силни историски врски со Полуостровот.
Сите нагаѓања ги прекина синот на Гаучи, Рикардо. Татко му имал познанства меѓу политичарите и логично било тие да го туркаат трансферот на Саади, но не било сè баш така.
„Татко ми беше некој кој е среќен кога луѓето зборуваат за него. Кога луѓето зборуваат за тоа што го прави, кога зборуваат за тимот што го сака, кога се зборуваше за Перуџа, тој беше пресреќен. Неговиот основен мотив беше дека сè што е јавно е добро", вели синот на Гаучи, Рикардо и додава: Приказната со Гадафи беше вест број еден и јавноста зборуваше, весниците секој ден пишуваа, имаше на телевизија само за тоа. Татко ми беше пресреќен. Еден ден помисли: Зошто да не го купам синот на Гадафи да игра за нас. Саади беше воодушевен со идејата".
Просечен навивач на Перуџа не знаел што да мисли за Саади кој избрал на дресот да му стои името, а не презимето над бројот 19. Многу луѓе ја прифатиле поканата да дојдат на промоцијата во јуни 2003. година во Торе Алфина, големиот средновековен замок во сопственост на претседателот на клубот. Настанот го следеа најголемите ТВ куќи.
Младиот напаѓач на Перуџа, Емануеле Беретони кој се борел за место во тимот се сеќава дека Ал Џазеира каналот ги снимал сите тренинзи пред сезоната да почне.
„Беше како реално шоу. Но за кратко се навикнавме и тој стана фудбалер како остатокот од нас. Се сеќавам една вечер имаш увоболка и природно, го викна најдобриот доктор во Италија за дијагнози. Докторот сакал да го види, така што Саади зема хеликоптер утрото и одлета за Милано (околу 200 км). Попладнето завршил работа таму и се врати на тренинг", се сеќава Беретони.
Имало неколку аспекти кој го правеле Саади посебен од другите. Возел жолто Ламборгини и каде и да одел бил следен од многу телохранители. Поддржани од локалната полиција, неговите обезбедувачи го проверувале теренот пред секој тренинг.
Саади букирал цел спрат во Бруфани Палас хотелот со пет ѕвезди кој има неверојатен поглед над градот. Слични услови велат имал само Папата.
Саади го делел сместувањето со семејството, со обезбедувањето и со едно или две домашни миленичиња. Од хотелот Бруфани Палас одбиле да го коментираат престојот на Саади, но за време на неговиот следен чекор во кариерата во Удинезе каде отиде во сезоната 2005/2006, тој изнајмил соба и за двата Добермани и нивниот тренер.
Во Удине престојувал во хотелот La di Moret, каде еднаш го изнајмил целиот спрат. Менаџерот на хотелот, Едуардо Марини го опишува Саади како добар клиент кој барал многу.
„Се случуваше да дојде од пат во 3 после полноќ и сакаше да му спремиме стек во филе", вели Марини.
Од друга страна, во социјалниот живот Саади бил екстравагантен но и голем другар. Салваторе Фрези кој бил позајмен во Перуџа му бил најблизок на тренинзите.
„Во среда имавме по два тренинга. Понекогаш по вториот тренинг тој знаеше да ми каже на италијански: Вечерва доаѓаш со мене. Само тоа знаеше да го каже. Тогаш ќе викнеше еден од неговите бодигарди кој зборуваше англиски и италијански и ќе ми објаснеше: Вечерва одиме во Милано", раскажува Фрези.
Саади имал приватен џет на аеродромот во Перуџа. Оделе често на вечера во Милано и потоа се враќале истата ноќ со авионот.
Во Перуџа уште се раскажува анегдотата кога ја однел целата екипа на забава во Монте Карло каде Либија требала да се кандидира за домаќинство на СП 2010. Наводно таму сакал да ја запознае Никол Кидман.
„Еднаш ми раскажуваше кога бил во посета на Рим. Шетал низ градот, но наеднаш го заболел стомак. Кое било неговото решение? Отишол во еден хотел, изнајмил соба само за да го искористи тоалетот. Загрижен бил и незгодно му било а праша во ресторанот, па платил соба, завршил работа и си заминал", додава Фрези уште една анегдота.
За разлика од него, татко му не бил љубител на фудбалот. Муамар Ел Гадафи не ги сакал масовно посетените спортски настани. Во „Зелената книга" каде пишува за неговата политичка идеологија, Муамар вели дека верува „како спортот е активност која треба да се практикува повеќе одошто да се гледа".
Во интервју за Њујорк Тајмс во 2005. година, Саади изјавил како го сменил мислењето на татко му за фудбалот и дури основал полу-професионална лига лига во Либија за што земал кредит и ангажирал меѓународни тренери.
Саади од ривалските клубови бил обвинуван за местење натпревари, а најчесто го обвинувале од Ал-Ахли Бенгази чиишто навивачи го мразеле.
Како голем навивач на Јувентус, Саади во 2002. година купил дел од акциите на клубот од Торино и одиграл важна улога во организација на Супер Купот на Италија во Триполи во август месец истата година. Саади имал голема желба да учи, бил талентиран за фудбал, но ја немал потребната физичка сила да се носи на професионално ниво. Еднаш ги ангажирал за тренери поранешниот шампион на 100-метри, спринтерот Бен Џонсон и Диего Марадона со кој работел на техниката.
„Беше неспремен за животот на професионален фудбалер. Најдобра споредба можеби е како да земете 13-годишно дете да игра со постарите. Се трудеше, но физички не можеше да издржи", вели Фрези.
На мечот против Јувентус Саади најмногу сакал да настапи, дури и играчите го замолиле тренерот да го стави во игра. Либиецот влегол на 15 минути пред крајот а Газета дело Спорт следниот ден се пошегува со наслов дека по црвениот картон на Чиро Ферара, Саади ги израмнил силите.
Перуџа испадна на крајот од сезоната, а Гадафи остана уште една година, но не играше ниту во Серија Б по што замина во Удинезе каде тренер му беше Серсе Козми. А таму влезе во игра на последниот меч од сезоанта во 80-та минута и за малку не постигна евро-гол, затоа што ударот го одбранил голманот на Каљари, Антонио Кименти.
Тоа значеше и крај на фудбалската кариера на Саади кој иако потпиша со Сампдорија во летото 2006. никогаш не играше за овој клуб. За репрезентацијата е документирано дека одиграл 18 средби.
Најдолгата замена во историјата на фудбалот на пријателската Либија - Канада:
По рушењето на Гадафи, сите членови на семејството се растуриле по различни страни на светот, и не се знае дали Саади е жив?
По граѓанската војна во Либија во 2011. година, Саади добил азил во Нигер, но потоа бил екстрадиран во 2014. година. Бил во затвор чекајќи судење по неколку обвиненија, меѓу кои и учество во убиството на либискиот фудбалер Баширал Риани кој исчезнал во 2005. година. Меѓу фудбалерите во Италија кои му биле соиграчи, никој не верува дека Саади е мртов.
Чудна приказна која натерала еден продавач на eBay да поверува дека може да заработи 10.000 евра за стар фудбалски дрес со бројот 19 и името Саади. Аукцијата била затворена минатиот месец без ниту една понуда.