Точно пред 14 години контроверзниот претседател на Перуџа потпиша договор со синот на тогашниот либиски диктатор. Саади остана две сезони во клубот, смени уште три тима, а денес е во затвор и ризикува смртна казна.
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.