Звучи како урбана легенда, но велат дека поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди, читал со брзина четири пати поголема од просечната. Не дека некаде ни се брза, ама понекогаш би сакале да можеме да бидеме толку ефикасни.
Научната фантастика долго време е сметана за главно „машки“ жанр книжевност, а малиот број дела напишани од жени добиваат посебно внимание. Но доколку се вратиме назад до средината на 17век, тука ќе го најдеме името и делото на Маргарет Кавендиш.
Нова книга се занимава со минатото и иднината на авторските права. Дали тие им се од корист на креаторите или создаваат нееднаквост, тоа зависи кому му е поставено прашањето.
Три дена откако стана крал на Данска, Фредерик Десетти неочекувано објави книга, која пак очекувано веднаш стана бестселер. Во неа дискутира политички но и поинтимни теми, како своето детство, односот со починатиот татко и тоа дека жена му, по потекло Австралијка, во расправии не му попушта на кралот.
Откако американската армија ги снижува стандардите за примање на нови регрути, магазинот Мад во август 2006 објавува карикатура за тоа како ќе изгледа армијата на иднината. Човек да помисли дека препишувале од книга.
Во својата нова книга, холандскиот политички филозоф Ингрид Робејнс нуди план за дејствување во три точки со кој би се излегло на крај со екстремната концентрација на богатство и би се намалила нееднаквоста. Нејзината генерална идеја е - кога се во прашање парите, многу арно не е на арно, за сите.
Со сопствена армија, покраината Ва е голема колку Холандија, но не е позната по „трева“, туку по многу посилни дроги кои ѝ овозможуваат да е де факто независна држава. Нејзиното постоење меѓу другото се должи на грешките, а во некои случаи и поддршката кои овие босови ја имаат добивано од американските власти.
Станува збор за новa историско-фантастична книга на актерот, кој е „спин-оф“ на неговата серија од 12 стрипови под наслов „БРЗРКР“. Повторно главен лик е бесмртниот херој Берзеркер, но против кого овој пат ќе се бори останува да видиме.
Може треба од холандска амбасада да пуштат пари и во Холандија невладини да поработат малку на разбирање, мулти-култи, соживот и што и да треба друго за да го стишат фетишот на Холандезите кон палење на светата книга на Исламот.
Малку е неправедно кога си бил освојувач, цар, социјален реформатор, основач на првата централна банка и еден од најславните војсководци на сите времиња, луѓето да се бават со твоите сексуални преференци, и притоа да утнат. Ама па, славата си има свој данок.
На преминот од 19 во 20 век најбарана книга во американските библиотеки не била некоја класика, туку роман на британска авторка, во која девојка со нежна природа се бунтува против социјалните стеги. Kритичарите ја опишале како површна, но продажбата одела како луда и од авторката направила милионер.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.
Здодевниот академски живот на еден професор по еволутивна биологија буквално преку ноќ ќе се промени, кога милиони луѓе ќе почнат да го сонуваат - сценарио за коешто никогаш не сонувал и кое нема да му донесе ништо добро.
Од мемоари на славните, преку нови дела на извиканите големи автори до интересни романи на дебитанти, годината во која тукушто влеговме изгледа како да ветува кога се во прашање нови книжевни изданија.
Светската здравствена организација го дефинира нарушувањето како „постојан или повторлив“ модел на однесување со „доволна сериозност за да резултира со значително оштетување на личните, семејните, социјалните, образовните, професионалните или другите важни области на функционирање“
Кој знае како би реагирале генералот Кастер и неговите војници - голем број од нив католици - кога би знаеле дека човек кој стрелал кон нив во битката кај Литл Бигхорн сега може да биде прогласен за светец. Тој пак имал многу поголеми амбиции: спој на сите земски нешта во едно.
Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
Нема помодерна технологија од литературата. Онаму каде што технологијата сè уште се обидува да стигне, литературата веќе била! Сè што се случува и треба да се случи, веќе е опишано во литературата, вели бугарскиот писател со господско презиме, и ист таков ракопис.
Без стручен сленг и технички детали, напишани во стил кој граничи со книжевност, овие книги изминатата година помогнаа да се отворат нови хоризонти во разбирањето на најсложените и најапстрактни концепти, од гравитациски бранови до отпорност на антибиотици.
Ана Акана како дете за секоја петка добивала по 10 долари. За секоја прочитана страница од книга добивала пени. Нејзините родители ја воспитувале со систем на наградување за секое мало постигнување што денес ја прави човек со стекнати работни навики. Вие добивавте денар за секоја прочитана страница од лектира? Не. Ама не е лошо да се размисли, ако се има дома читач на задолжителни лектири.
Секој кој бил макар на еден оркестарски концерт во животот го знае оној момент на тишина пред на сцената да излезе диригентот, кој како генерал на музичката војска го одредува протоколот, но и квалитетот на изведбата. За многумина неговото (или нејзиното) присуство на сцената со палка во раката е мистерија.