Во посебно соопштение на програмата „Добро утро Америка“ минатата среда (10.1.), славниот Кијану Ривс објави дека во соработка со британскиот автор Чајна Мевил ќе издаде роман под наслов „Книгата на некое друго место“ (The Book of Elsewhere). Тој се очекува да се појави во јули.
Книгата е инспирирана од БРЗРКР, стрип серија која Ривс ја напиша со Мат Кинд, а нацртана од Рон Гарни. Таа го следи бесмртниот воин Берзеркер додека се бори против различни непријатели низ времето. Првото издание од вкупно 12-те излезе во март 2021, со средства собрани на Кикстартер од 1.4 милиони долари. Првиот број се продаде во над 615.000 копии, со што стана најпродаваното единечно издание од „Војна на ѕвездите“ бр. 1 во 2015.
Романот е поврзан со стрипот, но секако може да се чита и независно. Ривс го одбрал Миевил затоа што тој изнашол „јасна архитектура за приказната“. „Бев возбуден од неговата визија и сум почестен да бидам дел од оваа соработка“ изјавил тој. Миевил од своја страна бил позитивно шокиран кога Кијану го поканил да си поигра со неговите „играчки“.
Ривс деновиве е актуелен во регионот и по една друга работа. Неговиот бенд „Догстар“ во кој свири бас е потврден за учество на Арсенал Фест во јуни во Крагуевац.
На крај да се потсетиме на нашата преписка со Чајна Миевил од 2012, кога му пишавме за неговата книга „Градот и градот“ каде се спомнува Скопје.