- Од рамковниот договор создадоа света книга, обвиена со превез на недопирливост и нешто што е над правото и моралот. Бараат да не се чепка, ги бранат и словото и духот (небаре е ова Аладиновата ламба), а „не дај боже“ некој критика да изнесе – го чека линч.
- Тие што ги заменија војничките униформи со скапи брендирани костуми (чувајќи ги легендарните чизми на таванот, како што сме често потсетувани) и банкарските сметки ги наполнија „како брод“, се чуварите на договорот и негови толкувачи (по потреба и кога е опортуно).
- Штом им кажеш дека институциите ги разурнаа однатре со отворен и бесрамен непотизам и партиски клиентелизам, тие пак се бранат на еден ист начин: ова е албанофобија! Нè напаѓаат само затоа што сме Албанци, а ние Албанците сме секогаш жртви, од вјеки вјеков. Македонците се угнетувачи и националисти, па затоа мораме и нивните идентитетски прашања ние да ги решаваме – на европски начин. Своето не го даваме, ама нивното ќе го распродадеме за повисокото добро и евроатлантската иднина.
- Во мало француско гратче утре се одржуваат не баш историски избори кои сепак добија глобален публицитет.
- Во трката за градоначалник на Арсис-сур-Об за реизбор за бори Хитлер а противкандидат му е Зјелински.
- Шарл Хитлер е навикнат на мајтап со неговото презиме и цртање мустаќи на постерите но малку му е незгодно кога ќе прочита дека 37% од неговото место се Хитлеровци.
- Францускиот Хитлер е центрист додека оној спроти него, 28 годишниот Антоан Рено Зјелински е од крајно-десничарскиот патриотски блок.
- Хитлер објаснува дека му е криво што вниманието е свртено само околу презимињата на кандидатите а не нивните политики.
- Самото место во кое живеат само 2.785 жители името го добило по едно место близу Одеса во Украина, каде во 1814 се одвивала една од битките на Наполеон.
- Европската унија од 1 јули годинава воведува нова фиксна давачка за мали пратки со вредност под 150 евра, мерка што директно ќе ги погоди и пратките од платформи како ТЕМУ и АлиЕкспрес.
- Давачката ќе изнесува три евра по пратка а до ноември се најавува и дополнителна такса „за обработка“.
- Лани 5,8 милијарди мали пратки со ниска вредност испратени директно до потрошувачите влегле во ЕУ. Над 90 проценти доаѓаат од Кина.