Кање Вест на неговата невеста за неодамнешната свадба ѝ подари портрет. На него таа е насликана одзади во провокативна поза, носејќи само тагна и Лобутин чевли, а насловот е „Совршена кучка". И неговата таинствена авторка повторно стана тема на муабет.
Познато е дека Џојс поголемиот дел од животот страдал од лош вид, а при крајот бил речиси слеп. Во 1931 изјавил: „Го заслужувам ова заради моите бројни неморални однесувања". Оваа гатанка сега ја разрешува нова книга, напишана од професор на Харвард.
Иако звучи така, не се работи за читање додека паѓаш со падобран или на дно на океан. Си задаваш тешка читачка задача, ја остваруваш и потоа пишуваш книга за искуството низ кое си минал. Како и кај секој потфат, за да докажеш дека ти се може, но и дека читањето е интересна работа.
Анти-пропаганда која е маскирана како пропаганда - фото проект кој ги испитува начините на манипулација која ја вршат тоталитарните системи. Меѓу другото и со тоа што организираат натпревари за сè и сешто.
Ти кажуваат дека филмот е за човек кој случајно сфаќа дека има двојник. Ментално го сместуваш во жанр трилери, и цел филм ги пропушташ сите можни хинтови кои упорно ти посочуваат на нешто друго. На последната сцена сфаќаш. Дека треба да го почнеш од почеток.
Книга на двајца пријатели кои еден ден решиле да си го постават прашањето: „Што ако се отарасуваш од еден предмет - само еден - од твојот живот, секој ден во месецот?“. Резултатот е толку добар, што наскоро почнуваш да размислуваш како да се ослободиш од сè што ти е товар. Вклучително и од напорни и лоши луѓе.
Кога едно исто визуелно решение се повторува тоа може да е резултат на мрзливост и некреативност. Но кога има најмалку 36 речиси исти корици за книги кои доаѓаат од Африка или зборуваат за неа, тоа е можеби сигнал дека тука станува збор и за нешто повеќе.
При последното „Јадење книги" Трендо ни се закани дека догодина ќе ни направи контра-фестивал, „Читање храна", на кој луѓе ќе јадат и ќе споделуваат во кои приказни ги носи таа. Излегува дека тоа, колку и да звучи потешко изводливо, сепак се прави, а овој тренд си има и свое име - story food, или храна-приказна.
Сите оние кои мислат дека книгата како физички предмет е надмината работа, нека го погледнат ова - оваа не само што може да се чита и да пренесе важни информации кои можат да спасат нечиј живот, туку истовремено прочистува вода.
Што ако имате добра идеја за уметнички проект, а не сакате, или не можете да добиете пари од институции? Одите на онлајн платформи и се обидувате да ја „продадете" вашата идеја за донација од неколку долари. Дали е ова дефиницијата на „културна демократија" која ја баравме? Една нова книга вели - не.
Во 1887 американската новинарка Нели Блај направила да ја затворат во озлогласен азил за ментално болни, со што станала првата „новинарка под прикритие". Но нејзините авантури не застанале тука. Следело рекордно брзо пропатување низ светот, на кое го сретнала и Жил Верн.
Освежување на последниот Саем на книгата беше појавувањето на три графички романи на македонски - „Дон Кихот" и „Фауст" од германскиот цртач Фликс и „Боксерот" на Рајнхард Клајст. Првите два се интересни затоа што ги сместуваат славните класични ликови во современ контекст и со тоа ја акцентираат безвременската димензија на проблемите со кои тие се соочуваат.
Се сеќавате ли на оние статии за малите слободни библиотеки, во кои можете да оставите книга а да си земете друга? Епа сега за тоа нема да мора да одите до Њујорк, туку ќе можете да го сторите и во Скопје.
Австрискиот автор, чие дело го актуелизира Вес Андерсон во неговиот „Гранд хотел Будимпешта", во 1942 се самоубил заедно со неговата 30 години помлада жена. Една нова биографија сега се обидува да одговори на прашањето - зошто?
„Пријателството овозможува безбедна зона при размената на емоции, дистанца која го прави поднослив ризикот од интимност, простор кој му дава шанса на другиот човек да остане друг."
Празнициве твитерџиите гледаа филм, кој во рубрикава се вклопува и затоа што е сниман по истоимениот роман на Паскал Мерсие, швајцарски писател и филозоф.
Колку и да звучи бизарно, војните, кризите и природните катастрофи можат да предизвикаат позитивни уметнички придвижувања во националните книжевности и во уметноста воопшто, што заради квалитетите изродени од маката и катарзичниот карактер на пишувањето, што заради перверзната опседнатост со трагичното и ужасното на читателите од други контексти.
На Станфордската енциклопедија по филозофија ѝ се потребни 28.250 зборови за да го објасни концептот на релативизам. На Џенис Карерас му е доволен само еден цртеж.
Помеѓу 130 новооткриени документи на ЦИА се наоѓаат и меморандуми кои зборуваат за вмешаноста на оваа агенција во печатењето и диструбицијата на славниот руски роман, кој бил забранет во СССР.
Прв пат го забележавме Том Голд преку неговото стрипче за улицата на која растел Вејтс. И кога би требало да се одлучиме помеѓу него и, на пример, xkcd на Рандал Манро, тоа навистина би бил тежок избор. За среќа никој не го бара тоа од нас.
Во новата книга „Скршена алелуја: рокенрол, покајание и животот на Леонард Коен" од Лиле Либовиц има една луда епизода. Во неа, на почетокот на својата кариера, тогаш речиси непознатиот кантавтор свири за една благородна и софистицирана публика во - психијатриска болница.