Генерално кога ќе се спомне перница во форма на книга (или обратно) имаме најмалку две вонкреветски асоцијации: Pillowbook - книгата на белешки на Шеи Шонагон, јапонска дворска дама од крајот на десетиот век, и истоимениот филм на Питер Гринавеј со музика на Ино од 1996 и сцените со пишувањето по голо тело. Ама овие се вистински перници, на кои спиете, сонувате или на кои се потпирате кога читате.
Овие на горната фотографија чинат од 17.99-49.99, ги има Шерлок Холмс и Островот со богатството кои не се отвараат и Алиса во земјата на чудата, која пак не може да се затвори.
Од Пингвуин нудат персонализирана навлака за перница, со омилениот автор и наслов на книга и чини 25 долари. Достапна е во три бои. Ја замисливме „Бегалка" во розова варијанта.
За оние кои сакаат да спијат на тврд, кожен повез.
Уште неколку кои ги пронајдовме на etsy.com. Последните се збирка од Стивен Кинг.
A за оние кои уживаат во романтичен дизајн, но се понапред со технологијата, еве ги овие практични решенија. Фали уште миленце под чајникот.
+ најдобрата фирма за перници на сите времиња!