Штом треба да те бараат на Гугл за да видат воопшто кој си, тоа е знак дека не си за во Премиер лига. Тоа му се случи на италијанскиот стратег со 30 години стаж како тренер, но без ќорав трофеј.
Ако ве интересира што се случува со кариерата на поранешната ѕвезда на Барселона, сега ќе дознаете. Се наоѓа во Андора, земја која може целосно да се испразни ако сите нивни жители се појават на Камп Ноу на ист натпревар.
Ако некој заслужува летово најмногу да се најде во нашата омилена рубрика на офсајд ликови, тоа е претседателот на Лацио. Ние не го бираме, тој самиот со своите постапки се кандидира секогаш да биде број 1 во правење глупости.
Ако треба да бараме фудбалер во втора, трета и четврта лига во Англија кој се има изнашетано во цела земја и ја знае атмосферата и методите на работа на едно 14 клубови во иста земја, тогаш ова е тој. Се вика Кларк и е познат како најголем авантурист на островот.
Сте виделе ли скоро некој гол или дриблинг од овие двајца напаѓачи? Ние не. Мизерната сезона која ја имаа во Челси без никакви пречки ги сместува во нашата рубрика Офсајд лик. Фалкао и Пато до толку ги немаше, што можеби некој заборавил и каде играат.
Иако не е целосно виновен што еден Њукасл каде играше Алан Ширер ќе оди во втора лига, бидејќи го водеше на само 10 меча, не може да не го ставиме во оваа рубрика човекот кој го освои историското финале во ЛШ против Милан. Едноставно не му личи да биде второлигаш.
Откако ќе ја прочитате оваа вест немојте да се сомневате дека е од 1 април. Таа е денешна и вистинита, а откако ќе се случи ова во зијан ќе бидат студентите во Базел.
Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.
Поранешна легенда на Манчестер Јунајтед, која претходно има играно во нивниот градски ривал е најновиот наш Офсајд лик поради случката која најверојатно не се памети кај друг фудбалер откако постои овој спорт.