Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.
Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.
Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
Веќе стана три децениска традиција НБА лигата да блеска со балкански сјај и тоа со играчи кои се сериозно опасни со баскет в рака. Со други зборови колото беше лудачко, затоа што вечер за паметење имаа Јокиќ, Дончиќ, Џејмс и Кари.
Роден пред 29 години во Акрон, Охајо, трнирал во средното школо Шарлот Христијан па подоцна и на колеџот Дејвидсон. Секаде му викале дека е мал и дека не го бидува додека Голден Стејт не се реши да го земе како 7. пик на драфтот во 2009. година.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
Кошаркарите на Кливленд намалија на 3-1 во финалето на НБА и сега одново се поставува прашањето ќе му се случи ли крах на Голден Стејт кој лани исто испушти водство од 3-1?
Голден Стејт е толку јак што и тренерот на Кливленд Тајрон Лу пред некој ден изјави дека не видел нешто такво во кариерата. Незадржливи се, особено Стеф Кари.
На првиот меч од финалето на Западот, Сан Антонио испушти предност од цели 25 поени и на крајот славеше Голден Стејт со 113:111. Стефон Кари одигра чудесно со 40 поени и седум скокови, а го имаше и моментот на мечот кога ја реши партијата на 9 секунди пред крајот.
Плејоф лудницата во најдобрата светска лига започнува викендов, а ќе гледаме неколку мега-дуели како оној на Леброн против Пол Џорџ, Харден против Вестбрук или Антетокумпо против ДеМар Дерозан.
Прв Македонец во едно конференциско НБА финале, нова титула на МЗТ Скопје, славјето на Голден Стејт, бледиот настап на македонските кошаркари на ЕП и приведувањето на Антиќ во Њујорк беа главни кошаркарски вести кај нас од годината што изминува.
Средбата Голден Стејт - Сакраменто 122-103 ја одбележи шутерското шоу на Стеф Кари и на Омри Каспи кој се испостави дека не му се дава на МВП-то. Каспи го заврши мечот со 9/12 погодени тројки и највисоки во кариерата 36 поени. Од друга страна, Кари имаше 5/5 за три и 17 поени постигнати во само три минути игра.
Вечерва од 23:00 се игра дербито во НБА, дуелот на двајцата играчи кои ја одбележаа минатата и тековната сезона и дуел кој би можел да покаже кој е во подобра форма.
„Не знам, но за мене ништо не си постигнал ако си загубил. Не е важно дали играм во Мајами, во Кливленд или на Марс", изјави Леброн Џејмс откако не можеше сам против оркестарот на Голден Стејт предводен од маестро Стив Кер.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се нови НБА шампиони, откако синоќа го совладаа Кливленд и ја затворија серијата со конечни 4-2 во победи. Андре Игудала МВП на финалната серија.
Четири натпревари Кливленд Кавалирс се потпираа на надчовчеките офанзивни способности на Леброн Џејмс, а синоќа на петтиот натпревар конечно и Стеф Кари покажа зошто е МВП и го доближи Голден Стејт до првата титула после 40 години.