Изминатата ноќ во НБА заврши рекордната серија со победи на една франшиза, откако Вориорс загубија првпат после 24 победи. Актуелниот шампион се лизна во Милвоки 108:95. На Голден Стејт не им се најдоа одличните партии на Стеф Кари со 28 поени и Драјмонд Грин со 24 поени и 11 скокови.
Најзаслужен за историската победа на Милвоки е Антетокумпо со трипл-дабл учинок. Гркот со нигериско потекло имаше 11 кошеви, 12 скокови (сите дефанзивни) и 10 асистенции. Грег Монро со 28 поени и 11 скокови беше водечки стрелец кај Бакси. Милвоки сега има учинок 10 победи и 5 порази.
Ако се сметаат сите четири победи на Голден Стејт од лани, овој тим имаше серија од 28 победи. Најдолга беше онаа на ЛА Лејкерс од сезоната 1971/1972 која траеше неверојатни 33 натпревари без пораз. И нив им ја прекина Милвоки.
Топ 10 потези на вечерта:
Резултати:
Шарлот - Бостон 93:98
Детроит - Индијана 118:96
Атланта - Сан Антонио 78:103
Чикаго - Њу Орлеанс 98:94
Хјустон - ЛА Лејкерс 126:97
Далас - Вашингтон 111:114
Милвоки - Голден Стејт 108:95
Портланд - Њујорк 110:112