По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
„Старата дама“ стана првиот клуб во Италија кој поседува свој сопствен хотел. Во фоајето на J Hotel може да се поздравите со Џиџи Буфон, да се сликате со Бонучи, или па да налетате на Игуаин, Рабио и Маурицио Сари како пијат кафе.
Во ситуација кога еден од најстарите светски клубови, Нотс Каунти е во тешка беспарица, луѓето од овој клуб и претставници од градскиот парламент решиле да се обратат до италијанскиот гигант со кого имале братска делба во минатото.
Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.
Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.
На 81 година, во саботата наутро во Белград почина легендарниот уметник со фудбалската топка Драгослав Шекуларац. Освен фудбалот, голема страст му биле уште и коцката и кафанските седенки.
Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.
Кога сите едвај чекаат судијата да го стави свирчето во уста и три пати да дувне за да означи крај, малиот борец Канте неуморно ора по теренот без разлика на резултатот. Ќе стане ли најдобар игач на Светското и може ли на Франција да ѝ донесе титула светски шампион?
Додека неговите соиграчи а и многу други фудбалери на денешницата се свилени и носат розеви и жолти копачки облепени со Swarowski кристали, Тони Крос синоќа против Шведска даде еврогол во копачки стари четири години.
Да, Исланѓаните многу сакаат фудбал и скоро цела земја остана пуста откако илјадници од нив отпатувале во Русија на Светското. Ама она што го прават луѓето од Перу за својата фудбалска репрезентација се коси со здрав разум и е лудо.
Саудијците кои ќе го отворат Мундијалот против домашната Русија, постат речиси цел месец но тврдат дека се максимално спремни психички и физички за своето историско учество.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.
Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Шпанскиот четвртолигаш Бадахоз открил дека клубот од Торино во целост им ја украл идејата за кампањата за продажба на сезонски влезници. Ќе им простат само ако одиграат пријателска средба.
Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.
По дружбата со македонските фанатици за Рома и Интер, гледавме Лига на шампионите со над 100 навивачи на Јуве. Речиси секое коло имаат претставници во Торино каде собрале автограми од Конте, Недвед, Ањели, а имаа урамено парче од тревата на која трча италијанскиот шампион.