Антонио Дамасио, веројатно веднаш по Оливер Сакс, е невронаучникот во чии популарни книги се промовира важноста на биолошката основа на она што најчесто се сместува во сферата на психолошкото - чувствата. А тие според него не се некаков нус-производ на еволуцијата, туку обратно, одиграле суштинска улога во нашето преживување како вид.
Летово најпопуларниот шкотски клуб ги претстави трите комплети опрема произведена од New Balance за сезоната 2017-2018 - и сите три варијанти беа зелени што нема речиси ниеден клуб во Европа.
Тренерска клацкалка во Бундеслигата: Петер Бош избркан од Дортмунд оди во Келн, а Питер Штегер избркан од Келн оди во Дортмунд. Зошто „Милионерите“ кои така високо летнаа, нагло паднаа? Кои се причините?
Дел од екипата: Jon Stewart, Adam Sandler, Ben Stiller. Chris Rock, Howie Mandel. J.J. Abrams, John Mulaney, John Oliver, Olivia Munn, Rob Corddry, Robert De Niro, Stephen Colbert, Will Forte.
Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.
Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.
Ако легендарниот германски голман добие прашање: Кога ве направиле најголем мајмун во игра еден на еден, ќе треба да се наврати во 1993-та кога бранеше за Карлсрухер, а во нападот на Ајнтрахт Франкфурт играше легендарниот Нигериец, Окоча. Со Кан го оркаа уште тројца од негова екипа.
„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.
Имаме ново убиство во фудбалот. Овој пат жртва е 19 годишниот Ангел Хехера од Венецуела, член на Манчестер Сити пратен на позајмица во Њујорк Сити. Само Оливер Кан, Стам и Гатузо за таквите како вас.
Со пласманот во полуфиналето на Купот на Конфедерации кое го игра вечерва против Мексико, фудбалската репрезентација на Германија стигна до фантастичен скор со кој не може да се пофали ниту една друга фудбалска земја последните години. Тоа е, за Германија се работи.
Њујоршка изведба на „Јулие Цезар“ во која беше „убиен“ Трамп овој месец предизвика протести и повлекување на спонзорите. Aма Полјаците беа први во сличен театарски скандал, иако за нив подоцна се дозна. Нивна „мета“ - католичката црква и лидерот на полската владеачка партија, Јарослав Качински.
Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.
Овој месец се навршуваат 350 години откако Џон Милтон му го продал на својот издавач авторското право за епот „Загубениот рај“, за само пет фунти. Неговото славно дело ја преточува во стихови најстарата епизода од Светото писмо, чии главни ликови ни се добро познати: Бог, Адам, Ева, Сатаната во форма на змија што говори, и - едно јаболко.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Еден куп историски настани ги знаеме затоа што сме ги гледале преточени во филм, а не затоа што сме гледале документарни снимки од истите. Колку е голем јазот помеѓу овие две прикажувања на она што (наводно) се случило?