ШТО СЕ СЛУЧИЛО ПРЕД ФИНАЛЕТО 1998?
Зошто Роналдо беше така јалов во решавачкиот меч за златниот пехар на СП 98 во Франција? Зошто му се слошило неколку часа пред мечот? Кој и зошто дозволил да истрча на терен и покрај болеста?
Ова е само дел од најголемата загатка во историјата на фудбалот и вечна болка на сите Бразилци. Нивната најсјајна ѕвезда, најдобриот млад играч на планетата земја и просто убиствен напаѓач во решавачкиот момент по бразилскиот фудбал беше беспомошен и мек.
На неколку часа пред да тргнат кон „Стад де Франс“, Роналдо бил во својата хотелска соба. Согласно основната верзија, кога се случила драмата Роналдо дремел. Според алтернативна верзија: во многу неудобна и неправилна положба гледал трка во Формула 1 на телевизија. Оваа верзија ја кажал поранешниот советник во Интер по медицински прашања Бруно Кару кој ги изучувал документите за состојбата на Рони.
Најраспространета верзија е онаа раскажана од играчите кои тврделе дека сè се случило после ручекот - Роналдо паднал од кревет и почнал неконтролирано да се удира со раце по тело и лице. Роберто Карлос, кој му бил цимер кренал паника и урлал помош на цел глас. Прв во собата дошол Едмундо.
„Кога го видов, бев шокиран. Морничава сцена. Роналдо лежеше на под, забите му беа цврсто стегнати а од устата му излегуваше пена.... Моравме да му го извадиме јазикот“, изјавил Едмундо во време на истрагата.
Доктор Кару кој бил специјалист по кардиологија, рекол дека сите документи и анализи укажувале на тоа дека Роналдо немал епилепсија како што се мислело туку дека проблемот лежил во кардио-васкуларниот систем, а неправилната дијагноза и погрешно лекување можеле да му нанесат непоправлива штета.
„Роналдо долго време седел во неправилна положба која што му ја спречувало циркулацијата на крвта и која можела да предизвика проблеми со срцето. Среќа што кога почнала конвулсија до него бил Роберто Карлос (во својата биографија Карлос за случкава раскажува дека Роналдо најпрвин лежел несоодветно и тој му рекол да престане да изигрува будала). На клинката лекарите бараа нешто друго, така што никој не предложи електрокардиограм, а тоа ќе покажеше дека проблемот бил таму.
Потоа на Роналдо му дале јаки лекови кои се користат при епилептични напади но се неодговарачки при срцеви проблеми. Тоа што му го дале бил силен седатив којшто го успивал Роналдо и соодветно тоа му се одрази на играта. После мечот тој беше како мало дете кое не може долго време да стои рамно на нозе и да се одржува.“, вели човекот кој ги видел сите документи и анализи.
Самиот Рони барал сите да се придржуваат до традиционалната верзија со несвестица која веројатно се јавила од силен стрес (играчите раскажувале дека Роналдо цела недела бил во депресија).
Конспирациите одеа до таму дека Французите свесно му направиле такво нешто со лекарства, но нема ниту еден доказ кој би го потврдил тоа тешко обвинение. Од друга страна, откако дознале дека Рони можеби нема да игра во финалето, многу бразилски министри, политичари, јавни личности му се јавувале на селекторот на Бразил и го притискале тој да игра по секоја цена.
„Разочаран сум што сите и натаму прават голема врева и наслови од тој страшен момент, но сигурен сум дека лекарите направиле се што е можно и правилно го следеле процесот“, додава доктор Кару.
Кога Роналдо го пуштале од клиника, Бразил веќе тргнал кон стадионот на голеото финале. Во првата варијанта на стартниот состав кој го пополнил администраторот на 72 минути пред мечот Роналдо не бил во составот. Тоа за целиот свет беше неојбаснив шок и сите беа во неверување.
После 25 минути докторите кажале дека Роналдо е добар и спремен да игра. Репрезентацијата на Бразил тогаш побарала замена во ФИФА и главната ѕвезда на Светското се најде на теренот. Но залудно.
Бразил изгуби 3:0 а Рони филозофски и искрено заклучи: „Го изгубивме финалето на Светско, но затоа јас победив друга битка - за својот живот“, ги збунил Феноменот присутните новинари кои немале појма што се случува во позадина.
ЗОШТО РОНАЛДО ИГРАШЕ НА СВЕТСКОТО 2002 СО ТАКВА ЧУДНА ФРИЗУРА?
Да се заборави најдобриот настап на Роналдо на Мундијалот 2002 е просто невозможно. Тоа не беше само обична игра на еден напаѓач, туку драма на еден голем спортсмен: Пропушти 2 години после тешки повреди, се врати во неверојатна форма и стана најдобар стрелец. 8 гола на Светското од кои два во финале во голот на Оливер Кан.
Но повеќето не го паметат овој турнир по количеството на голови, туку по нестандардната фризура за која ден-денес луѓето се чудат. Но ретко кој ја знае правата причина за неа:
„Пред Светското многу ме болеа препоните и бев спремен само 60 проценти. Сите насекаде зборуваа за моето здравство, така што решив да ја избричам главата за да го сменам текот на информации. Кога дојдов во тренинг кампот со новата фризура, сите престанаа да зборуваат за моите повреди и прашуваа само за фризурата“, приза Роналдо пред неколку години.
И покрај апсурдно смешната фризура, таа стана многу популарна. Нејмар неодамна изјави дека точно така се ишишал за време на Светското 2002 кога бил помал затоа што легендата му бил идол.
ЗОШТО СЕ ЗДЕБЕЛИ НАГЛО?
Кога Фабио Капело по вторпат стана тренер на Реал во 2006-та најмногу го нервирала состојбата на Бразилецот кој постојано качувал килажа.
„Тежее 96 килограми. Кога го прашав со колку играше на Светското 2002 ми кажа 84 кила. Тогаш побарав од него да спушти макар до 90 килограми но не успеа. Но и покрај тоа ако ме прашаат кој е најдобриот играч со кој сум работел, тоа е он. Тој и Марко ван Бастен“.
Тогаш и соиграчите од Реал и репрезентацијата на Бразил често го задевале Роналдо. Сите раскажувале дека легендата просто сака да си касне повеќе, но на крајот приказната добила друг тек.
Во 2007 година на Роналдо му нашле хипотиреоза - недостиг на хормони од штитната жлезда при што нагло се качуваат или нагло се губат килограми. Роналдо молчел четири години и ги слушал сите анегдоти за неговата дебелина, но веќе почнал да има потешкотии да тренира и да трча. Во 2011-та призна дека има проблем и дека завршува со фудбалот.
„За да ја контролирам мојата болест треба да примам хормони коишто во фудбалот се забранети со анти-допинг правилата. Мојата глава сака да продолжам, но телото не. Должен сум да признаам пораз. Моето тело ме порази“, тажно изјави според многумина најдобриот играч на сите времиња.