„Кога го прашаа не знаеше што да каже, се тресеше како мало дете“, рече американскиот претседател за легендарниот Стив Кер, кој во неколку наврати се приклучи на одлуката на Вориорси да не ја посетат Белата куќа како шампиони во НБА (2017 и 2018).
Елен ДеЏенерис била на утакмица и на трибина, пази молим те, седела до Џорџ Буш. Абе дрвја и камења, абе го предала лезбејското движење, абе свашта. Сега ѝ копаат по минатото, да не се наоѓа и некоја нејзина слика со Мао Це Тунг. Меѓу другото, ете затоа Трамп ќе добие втор мандат. Дека овие упорно се бават со глупости и дека памет не им доаѓа.
Некни Трамп беше во инспекција на тоа оградата што ја вика ѕид, а љубопитни Мексиканци се качуваа на неа ко чавки за подобро да го видат. Пишурија. Една милја чини околу 4 милиони долари. Тинејџерки го качуваат тоа за 15 секунди.
Освен некој формален извештај и по некој „груб“ збор во полу-празна сала на ООН и ФИФА, светот не знае ништо за средовековните забрани и казни во Иран каде се самозапалли најпознатата активистка за правата и слободите на жените.
Дента кога ЦИА мораше од Русија да извлече свој топ шпион откако неговиот идентитетот беше компромитиран од фушерајската администрација на Трамп, поранешна шпионка на ЦИА чиј идентитет своевремено беше загрозен од првиот помошник на Дик Чејни (подоцна помилуван од Трамп), со јако видео ја најави својата кандидадура за Конгресот. Да, таа ја вози колата, тоа е дел од обуката во ЦИА.
Во една од поопскурните случки изминативе месеци, Канје му се јавува на Трамп за да побара од американскиот претседател да се јави кај шведскиот колега и да ургира околу апсењето на американски рапер (A$ap Rocky) во Стокхолм. И Трамп стварно се јави кај шведскиот премиер и стварно проба да ургира - буквално понудил тој да му ја плати кауцијата на раперот.
Борис Џонсон, новиот премиер на Обединетото кралство, сака да влегува во просторија како да е наставник по математика на замена - доцни, чорапите му се наопаку, кошулата му е измкната и исфлекана, а идиотската фризура му е лом.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.
Најславниот и најзабавен центар во историјата на НБА од Италија се префрли да пушта музика во Хрватска. 24 сата го начекаа на интервју. Дражен Петровиќ беше неизбежна тема, а ги имаше многу, до тоа кој број на чевли носи.
Се потеше 5 часа за да го освои најпрестижниот тениски турнир во светот, ама кога ќе видите каде ќе се рехабилитира од тој страшен напор и стрес, ќе мислите за Доналд Трамп се работи.
Следните два, можеби три меча на Голден Стејт, за жал на навивачите на Вориорси, ќе бидат последни во Окленд. И не само најдобриот НБА состав, туку уште еден популарен клуб од Окленд ќе си ги пакува куферите и ќе се сели.
Може ќе ви се чини небитно во однос на проблемите во светот, ама ако размислиме малку колку време посветуваме на сликање и гледање себеси, па ако на тоа додадеме и размислување за тоа колку луѓето поима немаат од уредување на сопствената фаца, може па и треба да разговараме.
Ви текнува на едно поедноставно време, кога Инстаграм имаше само ручеци и зајдисонца, и такви некои работи? И колку беше поинакво од денешното скролање и гледање внимателно уредени лајфстајл авантури, професионални достигнувања и јавно колнење дека „ќе поминувам помалку време на социјални мрежи”, најчесто од луѓе што заработуваат од социјални мрежи?
„Не знам ништо за Викиликс, не ме занимало, не е тоа моја работа,“ изјави американскиот претседател за апсењето на основачот на Викиликс во Лондон, по потерница од САД. Истите тие зе кои не знае ништо, во текот на кампањата ги има спомнато преку 140 пати.
Хоророт има неверојатна способност да исправи огледало на времето во кое живееме: од slasher филмови што го закачаат удобниот меур на ’70-тите, до нискобуџетни „најдени” снимки на ’90-тите со нивните хипер-реални плашила за бесчувствителните миленијалци. Веројатно и не е некое изненадување што, имајќи ја предвид состојбата на западната политика во денешно време - живееме во ново златно доба на хоророт. Во последно време излегуваат филмови кои совршено балансираат иновативна приказна, критички признанија и успех во кино, од A Quiet Place до Hereditary.
Работи што можат жените да ги купат, без да бидат нападнати: нешто за сопругот и децата, или нешто без кое што буквално не би преживеале.
Работи што ќе им ги качат на глава: сè друго што ќе го купат за лично задоволство.
Пази ова. На Фејсбук кружи фотографија како некој за време на говор на Претседателот на САД, ја пушта во живо Вардар за да гледа како му држи лекција по ракомет на европскиот првак Монпеље.
„Напредните“ и „прогресивните“ ама баш ништо не научија од лекцијата со Трамп. Додека милиони луѓе пиштат од реални проблеми (губење работа, социјална сигурност, цели фамилии спијат по коли затоа што останале без куќа заради невратен кредит), овие се дрндаат со темата дали божиќните колачиња треба и понатаму шовинистички да се викаат „gingerbread mаn“ или треба тоа да се замени со родово неутралното и политички коректно „gingerbread person“. На следните избори, не за Трамп, за некој ко Љубе лигавиот ќе гласаат од инат.