Новак Ѓоковиќ сега е петкратен шампион на Вимблдон со 16 Гренд слем титули, па нели не е за очекување дека после оваа напорна сезона, на таа пара дестинација за одмор ќе му биде Будва или Ханиоти. Ова што ќе го видите е ептен господски.
Најдобриот тенисер во светот пред две години си купи апартман во Мајами, ама ултра луксузен. Се зборува дека го платил околу 6 милиони евра додека уште се градел. Домаќинско дете. А апартманот боли глава.
Глупо е ова да го опишуваш, туку треба само да се гледа. Се наоѓа на сама со ептен секси панорамски поглед кон цел град и Атлантски океан.
Новак најверојатно тука ќе полни батерии со Јелена и двете деца Стефан и Тара. Има он станови во Белград, Монте Карло и Њујорк, ама оваа убавина обвиена во стакло е неспоредлива со другите.
Апартманот покрај другото вклучува два приватни базени, ексклузивно подземен спа центар, сауна, фитнес центар, бар за сокови, бар за вина со визба... Инаку Ѓоковиќ има ексклузивни клучеви во соседниот парк кој не е јавен.
А и што да се очекува од 17-тиот најплатен спортист за јуни 2018 - јуни 2019 со заработени 20 милиони долари од турнири и 30 милиони од реклами, како и прв тенисер кој стигна до 100 милиони долари само од турнири и човек кој сега се проценува дека тежи околу 220 милиони долари.
Новак е на врвот не само на АТП, погледнете.