А сепак, за индустрија што треба да знае точно каде пулсира, модата бавно се вклучува во цајтгајст потенцијалот што го нуди жанрот. Имаше и исклучоци - Раф Симонс, чии колекции за Келвин Клајн ја означуваат границата меѓу американскиот хорор и неговиот статус како аутсајдер во онаа Америка на Трамп, или задирањата во филмови на Кубрик што ги има Андеркавер.
А по ново, изгледа дека иднава есен, хоророт сепак ќе влезе во продавници со еднаква одлучност како што влегува во кино-сали.
Прво се истакна Прада, презентирајќи колекција инспирирана од чудовиштето на Франкенштајн. Во индустрискиот ентериер на Фондационе Прада, од мрак излегоа манекенки со избелени веѓи, плетенки како на Среда Адамс и црна чипка насекаде.
Не е за изненадување што Мијуча Прада како претставник на жените-уметници на денешницата, ја бира Мери Шели, шампионски глас за женските права и писателка чиј хорор-класик го отфрлиле критичарите од тоа време како „женствен” заради интроспекцијата воведена во чудовишниот жанр.
Колекцијата на Џун Такахаши за Андеркавер, имаше референци на „Сјаење” со парови морничави манекенки во 2018-та, а во 2019-та се свртеа кон „Пеколен портокал”.
Уште вакви примери има, како на пример викторијанските фустани на Симон Роча што ги имаше избрано и за главната колекција и за постојаната соработка со Монклер.
Сепак, највпечатливата е онаа најнебуквална колекција на Реи Кавакубо. На крајот на женската ревија на Ком де Гарсон, со наслов „Собир на сенки”, излезе линија фустани од црна кожа што потсетува на гума, и детали кои креираа извртена слика на женското тело и ултра очигледно алудираа на еден од најмодерните дежурни кривци на хоророт - вештерката. Манекенките се собираа во осветлен круг во центарот на пистата, а креаторот веројатно сакал да ја потсети публиката (и сите нас што гледаме од компјутерски екрани) на собирање во шума за пагански ритуал.
Најдобрите моменти во хоророт се производ на два фактори кои се среќаваат во совршена дисонанца: првиот се прималните стравови кои ги предизвикуваат нашите пештерски инстинкти да се бориме или да бегаме - опасноста на една црна ноќ, или на див ѕвер што би нè нападнал на спиење; а вториот - генетски модифицирани трифиди, да речеме, или вештачка интелигенција спремна секој момент да не нападне. Каде би побарале и би нашле безвременско и современо на друго место, освен во модата? Точно, модата доцни по ова прашање, но хоророт личи како да ѝ е совршен партнер - иако производот што доаѓа од овие две работи заедно, произведува застрашувачки одраз на времето во кое живееме.