Секоја приказна на наш млад исселеник е посебна, но за да биде успешна таа секогаш мора да содржи неколку основни елементи: многу трудољубивост, моменти на носење исправни одлуки и секако малку среќа. Од ова исцрпно интервју со Кристе, некогаш скопјанец денес њујорчанец, изгледа дека тој ги спакувал трите нешта во едно. Техничките детали и термините кои се тешко преводливи на македонски се оставени во оригинал, но оние во браншата сигурно ќе ги разберат, а другите можеби нешто и ќе научат.
Фатил на ТикТок да рецензира храна: кечапот бил полн со шеќери, варените јајца не биле излупени, компирите се полни со јагленхидрати, овесот е токсичен, амбалажата воопшто не е еколошка.... Што храна е тоа, во Мериот, кај Џејми Оливер? Не, се работи за порција храна која ја добил како хуманитарна помош во шелтер за бездомници.
Се јавува девојка во емисија со Гордон Ремзи. Го забезекнува со омилената комбинација (сакала ванила сладолед со кисели крастивички и ракчиња), малку го ребри заради бифтек што јадела во неговиот ресторан, го трола дек Џејми Оливер е подобар а нему му порачува да се држи до она што го прави добро - кајгана. - Јадеш ли ти кајгана?, ја прашуваат слушателката. Тука сме.
Уште не ни е верно дека филм како „Сè, насекаде и истовремено“ можеше да се закити со дури седум Оскари. Додека да ни слегне ваквото сознание, да си позборуваме за филм кој заслужи, ако ништо друго, барем Оскар за главна машка улога.
Од него се простивме во 2015, во статија под наслов „Почина неврологот кој пишуваше како поет“. Доживеа светска слава кога неговата книга „Будења“ беше преточена во истоимениот филм со Роберт де Ниро и Робин Вилијамс. Ни го приближуваше светот на луѓето со различни невро-психијатриски нарушувања, како Турет, синдром на фантомски екстремитети или шизофренија и се залагаше за нивен подобар живот. Сега овој интересен човек добива и опера во негова чест.
Бидејќи уште не може да обезбеди дистрибуција на неговиот најнов филм за американскиот пазар, Оливер Стоун го шета филмот по фестивали на други места на планетава, надевајќи се дека предупредувањата од него некако ќе стигнат и до Американците. Српска Политика го начекала во Џеда, Саудиска Арабија.
Двајца уметници од различни векови чие спомнување во иста реченица (во случајов во наслов на книга) предизвикува чудење. Но освен што Хорнби ги спојува поради тоа што обајцата го инспирирале, тие можеби имаат повеќе заеднички нешта отколку што тоа изгледа на прв поглед.
Телевизискиот доктор и продавач на шашми, доктор Оз (Мехмет Ченгиз Оз) ја изгуби трката за место во Сенатот како претставник на Пенсилванија. Изгуби од Џон Фетерман, човек кој пред пет месеци преживеа мозочен удар. Ќе видите сами до каде стигнало опоравувањето, што поразот на Оз го прави уште поголем резил.
Од филмот Хајлендер знаеме дека дури и бесмртните не можат долго ако останат без глава. За овој суров начин на убивање и на овие простори имаме грозоморни примери: главата на Невена Георгиева - Дуња, бугарските фашисти ја имаат ставено во велешки излог, а онаа на Чакаларов, Грците ја имаат шетано по леринските села за да плашат народ.
Има малку дејство, дијалогот е речиси неразбирлив а менаџерот на Кобејн го игра лик кој повеќе личи на продавач на стари автомобили. Кралската оперска куќа има нова претстава која ги прикажува последните денови на Курт Кобејн.
Уште неизлезена, една биографија на Ентони Бордејн која се занимава со неговите последни денови и расположенија ги вознемири членовите на неговото семејство и пријателите. Биографот вели дека живототот на овој хедонистички Одисеј во скинати фармерки е уште потсетување на старата „пази што посакуваш....“
После првиот Топ Ган, Том Круз рече дека би било неодговорно да снима продолжетоци на тој филм, за младите да не помислат дека во реалноста е како на филм. Три децении подоцна, Том Круз сними - Топ Ган. Пентагон повторно великодушно дочека продолжение на еден филм кој минатиот пат им го зголеми бројот на регрути за 500%.
Заедно со својата сестра Касандра, Остин во своите тинејџерски години напишала потсмешлива книга која се однесува на англиските монарси. Во неа Елизабета Прва е претставена како вештерка, а најголемите симпатии се кон Крвавата Мери.
Да, актерот е роден токму во тоа место во кое минатиот месец оној млад лудак уби 19 лица, од кои 17 беа деца. Се појави во Белата куќа за да бара построга контрола на оружјето. Жена му покажа едни зелени Конверс патики со нацртано срце а тој гневно замава тупаница. Дали американскиот Оливер Спасовски ќе го уапси за вандализам и рушење на угледот на институциите?