Метју Меконахи, човекот од Увалде

Да, актерот е роден токму во тоа место во кое минатиот месец оној млад лудак уби 19 лица, од кои 17 беа деца. Се појави во Белата куќа за да бара построга контрола на оружјето. Жена му покажа едни зелени Конверс патики со нацртано срце а тој гневно замава тупаница. Дали американскиот Оливер Спасовски ќе го уапси за вандализам и рушење на угледот на институциите?

Патиките биле единствениот знак по кој можело да се идентификува малата Маите Родригез, 9 годишно девојче кое загина во масакрот. Срцето го нацртала како знак на својата љубов кон природата бидејќи сонувала еден ден да стане марински биолог

 

 

8 јуни 2022 - 13:03