Ни го сменија името, па сега ќе ни штеделе со лепенки
17 мај 2023
- „На мое големо задоволство...“ ја започнува Оливер Спасовски феноменалната вест дека наместо нови регистерски таблички, ќе сме можеле да ставаме лепенки NMK.
- „Во служба на граѓаните, со ставањето на овие налепници ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци...“, ќе продолжи да нè одушевува и наежува.
- Патем, граѓаните на капитулираната држава се потсетуваат дека рокот за менување на личните документи е 2024 година. Услугите за тоа поскапеле оти така морало.
- Во Грција уште си стојат таблите за „Фиром“ а аеродромот во Солун гордо им се вика „Македонија“.