По страшно напорната сезона со безброј натпревари, кошаркарите на Голден Стејт конечно можат да здивнат и со прослава на нова шампионска титула да го исфрлат целиот психолошки товар кој го носеа сезонава. Заслужено се на врвот иако беа четврти фаворит за титулата пред сезоната.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се одново прваци во НБА лигата, откако во финалната серија беа подобри од Бостон Селтикс со 4:2. Стефон Кари блесна кога најмногу требаше и им ја затна муцката на критичарите.
Најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари кој е рекордер по бројот на постигнати тројки во НБА, имаше страшна серија од 232 натпревари по ред на кои постигнувал макар по една тројка. Ова е апсолутен рекорд во историјата на кошарката и општо во НБА лигата.
Пред почетокот на третиот меч од големото финале на НБА меѓу Бостон и Голден Стејт, гостите од Сан Франциско се пожалиле дека едниот кош бил повисок од другиот. Одлична им била забелешката зошто при мерењето се покажало дека едниот кош во „ТД Гарден“ стварно бил за 5 сантиметри повисок.
Одбраната што Селтикс ја одиграа над најдобриот НБА шутер на сите времиња наликуваше на легендарниот фластер кој Тајрон Лу го имаше врз Алан Ајверсон во големото финале во 2011.
Кошаркарите на Бостон Селтикс му зададоа нов удар на Голден Стејт Вориорс. Победија 116:100 во третиот меч од големото НБА финале и поведоа со 2-1 во серијата.
Кошаркарите на Бостон Селтикс го совладаа Голден Стејт Вориорс на гости со 120-108 во првиот меч од големото НБА финале. Феноменален дуел кој најавува пеколна серија.
Во НБА гори. Започна конференциското финале на Истокот, Мајами го доби првиот меч во серијата со Бостон Селтикс 118-107. Во другото полуфинале ќе играат Далас и Дончиќ против Голден Стејт Вориорс на Стеф Кари.
Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс одигра уште една блескава партија, овојпат против Мемфис во плејофот и ги однесе воините на 3-1 во серијата. Кари на овој меч ја постигна и јубилејната 500. тројка во плејоф кариерата со што е апсолутен лидер на оваа табела во плејоф натпревари.
Лидерот на Денвер Нагетс ќе може да се пофали дека станал само тринаесетти играч во целата историја на НБА кој два пати по ред му израдувал на највредната поединечна награда која се доделува во светската кошарка.
Во неверојатно ефикасна вечер во НБА, Карл-Ентони Таунс го разби Сан Антонио Спарс со 60 поени, 17 скока и 3 асистенции. Неговите Тимбервулвс славеа 149-139. Во истата вечер Трае Јанг уфрли 46 поени а Стеф Кари 47 поени на неговиот 34 роденден во победата на Голден Стејт Вориорс над Вашингтон 126-112.
Бојан Богдановиќ, лидерот на Јута Џез игра сезона од соништата. Хрватскиот репрезентативец во триумфот на „џезерите“ над Оклахома Сити 116:103 постигна 35 поени од кои дури 33 беа од шут за три поени.
Најдобриот кошаркар на Далас одново беше јунак на вечерта, откако во големиот триумф над Голден Стејт Вориорс 122:113 постигна 41 поен со 10 скокови и 9 асистенции. Му фалеше само една асистенција за нов овосезонски трипл-дабл. Маверикс ја запишаа третата победа по ред со која го зацементираа местото кое води во плејофот, а Вориорс претрпеа трет пораз по ред.
Спектакуларниот Ол Стар во Кливленд на кој царуваше Стеф Кари со 16 тројки и вкупно 50 поени, беше зачинет на полувреме со голема јубилејна претстава со најголемите. На една бина се појавија од 27 годишниот Јанис Антетокумбо, па се до 89 годишниот Боб Петит, прв во историјата со 20.000 поени.
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден буквално во последните моменти од рокот кој овозможува трампа на играчи во НБА тимови, замина за Филаделфија во голема размена од неколку играчи со Нетс. Подоцна вечерта Леброн и Дурент го исмеваа Харден.
Интересен кадар од мечот Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс (101 :116). Додека одмораше на клупата за резерви, некој од стручниот штаб на Хорнетс му подаде телефон на ЛаМело Бол кој бил информиран дека е избран од комесарот Адам Силвер да биде замена за повредениот Кевин Дурент на претстојниот Ол Сстар.
Актуелниот шампион Милвоки Бакс го прегази Голден Стејт Вориорс 118-99. На полувреме Бакс водеа неверојатно 77-38, 39 разлика. Јанис Антетокумпо како да играше против мали деца.
Минатата недела во НБА ја одбележаа неколку враќања на паркетот, прво на мечот Индијана - Бруклин камбек имаа Ленс Стивенсон и Кајри Ирвинг. Првиот после неколку годишно отсуство на домашниот паркет во матичниот клб, а вториот после отстранување во врска со одбивање да се вакцинира.
Секоја сезона индустријата вади нови комбинации на бои, рециклира стари, изводи со Баленсијага, или руши граници со Москино. И секоја година, никако, никогаш не успева да го тргне црното од центарот на вниманието.
„Би сакал да живеам во Јапонија, но тоа е невозможно, би полудел таму затоа што не можам на улица да излезам а да не ме следат луѓе“, вели јапонскиот тенисер кој заработува „грдни пари“.
Селтик толку многу се спремаше за пласман во Лига на шампиони но на крај АЕК од Атина им ги помрси сметките и ги елиминираше. Коментаторот Крис Сатон имаше врвен опис на испаѓањето.