Селтикс го одбранија домашниот терен за кој може да се каже дека е права неосвоива тврдина зошто цели 38 години не изгубиле меч од финале пред своја публика.
Бостон маестрално ја отвори битката и во првите две минути постигнаа дури три тројки преку Џејлен Браун и Ал Хорфорд а пред крајот на првиот период „детелините“ имаа предност 24:9 па 33:22 на крајот од првата четвртина.
На „сплеш браќата“ Кари и Клеј Томпсон им требаше време да влезат во ритам а Бостон тоа го искористи и на полувреме домаќинот водеше 68:56.
Вориорс во третиот дел направи серија од 12-0 пред се благодарение на Дрејмонд Грин, Стеф Кари и Клеј Томпсон кои набрзо режираа и неверојатен пресврт па поведоа 82:83. Но избраниците на Име Удока го стартуваа последниот квартал со 93:89.
Водени од бучната публика, Селтикс играа борбено на секоја топка, во секој дуел. Џејлен Браун, Маркус Смарт и Џејсон Тејтам редеа поени и го одбиваа секој обид на Вориорс да го сврти мечот.
После водството од 102:91 Голден Стејт како да се предаде, па до крајот Селтикс само ја зголемија предноста и победија 116:100.
Џејлен Браун беше најефикасен со 27 поени, 9 скока и 5 асистенции. Неговиот ортак Џејсон Тејту, постигна 26 поени со 6 скока и 9 асистенции а Маркус Смит додаде 24 поени со 7 скока и 5 асистенции. Многу важни поени кои можеби ја направија разликата дадоа и Грент Вилијамс (10 поени), Ал Хорфорд 11 поени и Роберт Вилијамс со 8 поени и 10 скока.
Кај Вориорс, стандардни Кари и Клеј Томпсон. Стеф запиша 31 поен а Томпсон 25. Ендрју Вигинс додаде 18 поени а Џордан Пул 10.
Бостон е домаќин и на следната средба во својот „ТД Гарден“ во ноќта меѓу петок и сабота.