Стеф Кари во еден момент доживеа повреда при дуел со Ал Хорфорд кој падна преку него во една борба за изгубена топка. Прашање е колку е сериозна повредата и дали ќе му се одрази на Кари за четвтиот меч.
„Ќе биде во ред. Гледајте, ме боли, но ќе бидам во ред и се спремам за петок. Што се однесува до мојот скочен зглоб, не е толку лошо како кога игравме против Бостон во регуларен дел. Изгледа само како истегнување, но ќе ја следиме состојбата деновиве. Во следните 48 часа ќе се спремам и мислам ќе биде во ред“, изјави Кари.