Ало, ЛаМело? Да дојдеш на Ол-Стар место Дурент

Интересен кадар од мечот Шарлот Хорнетс - Торонто Репторс (101 :116). Додека одмораше на клупата за резерви, некој од стручниот штаб на Хорнетс му подаде телефон на ЛаМело Бол кој бил информиран дека е избран од комесарот Адам Силвер да биде замена за повредениот Кевин Дурент на претстојниот Ол Сстар.

На местото на Кевин Дурент доаѓа ЛаМело Бол, а наместо Драјмонд Грин на Ол-Стар ќе се појави Дежонте Мареј од Сан Антонио. Интересно Ламело Бол од Шарлот ќе стане првиот најмлад кошаркар на еден Ол-Стар после Леброн Џејмс во 2005, а четврт најмлад во историјата на Ол-Стар дуелите.

Натпреварот на сите ѕвезди е предвиден за 20 февруари во Кливленд. 

Исток: Јанис Антетокунмпо, Џими Батлер, ДеМар ДеРозан, Жоел Ембид, Даирус Гарланд, Џејмс Харден, Зак ЛаВине, Крис Мидлтон, Фред ВанВлит, Трае Јанг.

Запад: Девин Букер, Стеф Кари, Лука Дончиќ, Руди Гобер, Никола Јокиќ, Донован Мичел, Џа Морант, Крис Пол, Карл-Етони Таунс и Еднрју Вигинс.

8 февруари 2022 - 12:07