Уште една маестрална вечер за Лука Дончиќ, овојпат ги скроти Стеф Кари и Голден Стјет

Најдобриот кошаркар на Далас одново беше јунак на вечерта, откако во големиот триумф над Голден Стејт Вориорс 122:113 постигна 41 поен со 10 скокови и 9 асистенции. Му фалеше само една асистенција за нов овосезонски трипл-дабл. Маверикс ја запишаа третата победа по ред со која го зацементираа местото кое води во плејофот, а Вориорс претрпеа трет пораз по ред.

Стеф Кари постигна 21 поен со пет скока и девет асистенции, а Џордан Пул беше најефикасен кај Вориорс со 23 поени, три скока и две асистенции. 

4 март 2022 - 09:23