На полувремето од натпреварот можеше да се забележи колекција од најдобрите 75 играчи во историјата, избрани со гласање на избран комитет од играчи, тренери, директори и медиуми.
Се појави и Боб Петит, шампион од 1958, прв во историјата со 20.000 поени, како и 11 пати учесник на Ол Стар игрите. Има 89 години, ама дојде на церемонијата.
На презентацијата беа преставени 75-те најдобри според позиции: крила, центри и бекови. Се појавуваа еден по еден на црвениот тепих, облечени елегантно со знакот НБА 75 на палтата.
Beyond humbled and honored to stand beside the other members of #NBA75 https://t.co/TB5iWILeOl
— Carmelo Anthony (@carmeloanthony) February 21, 2022
Чарлс Баркли, Кармел Ентони, Доминик Вилкинс и ред други во првата група. Потоа Патрик Јуинг, Дејвид Робинсон, Боб Мекаду, Бил Валтон, а потоа плејмејкерите Ален Ајверсон, Крис Пол, Реџи Милер...
Последните тројца играчи од секоја група беа миленикот на градот домаќин Леброн Џејмс, Карим Абдул Џабар и Мајкл Џордан. Беа присутни во сала 45, бидејќи дел се починати, а некои испраќаа пораки преку видео бим.
Прекрасна и носталгична прослава од историјата на НБА во која најголемите овации ги добија Џордан, Џејмс и се разбира Коби Брајант како една незаборавна легенда која требаше да биде тука.
The FORWARDS of the NBA's 75th Anniversary team! #NBA75 pic.twitter.com/8yC761ZL10
— NBA (@NBA) February 21, 2022
The CENTERS of the NBA's 75th Anniversary team! #NBA75 pic.twitter.com/UaJOe56LSB
— NBA (@NBA) February 21, 2022
The GUARDS of the NBA's 75th Anniversary team! #NBA75 pic.twitter.com/4c5iK0HSE8
— NBA (@NBA) February 21, 2022
Се знае кој беше главен
— SportsGridRadio (@SportsGridRadio) February 21, 2022
Убави средби на Џордан со Дончиќ и Леброн
Кралот Џејмс го реши Ол Стар мечот со кош во последните секунди, Кари одлепи со 16 тројки