Кралот Џејмс го реши Ол Стар мечот со кош во последните секунди, Кари одлепи со 16 тројки

Кливленд уживаше во шоу изразено со резултат 163:160 за тимот на Леброн Џејмс кој во неизвесен натпревар до финишот, го совлада тимот на Кевин Дурент. МВП на Ол Стар мечот е Стефон Кари кој блесна со 50 поени.

71-то Ол Стар издание го реши Леброн Џејмс, а МВП признанието заслужено отиде во рацете кај Стефон Кари имаше ноќ за паметење.

Кари се надмина себе си со 16 тројки и му го сруши рекордот на Пол Џорџ кој во 2016-та постигна рекордни девет.

Ѕвездата на Голден Стејт сруши два рекорди во првото полувреме: Постигна шест тројки во прва четвртина и вкупно осум во првиот дел.

Мечот го заврши со 50 поени (17 од 30), 5 скока, 2 асистенции, 2 блокади и една украдена топка.

Тој стана петти играч на Вориорс кој станал МВП на Ол Стар и за малку не успеа да стане најдобар стрелец во историјата на финалниот натпревар. Рекордот го држи Ентони Дејвис кој во 2017-та даде 52 поена.

Во последниот дел тој излезе од игра поради повреда, но потоа на сцена стапија Антетокумпо кој постигна 30 и Џејмс 24 поени, 6 скока и 8 асистенции.

Јокиќ го заврши мечот со 10 поени, 9 скока и 8 асистенции, но не влезе во игра во последната четвртина, а Дончиќ запиша само 8 поени.

Во тимот на Дурент најдобар беше Џоел Ембид со 36 поени., Букер постигна 20, Ла Мело Бол 18 поени.

21 февруари 2022 - 08:31