11 рекордни тројки на Хрватот Бојан Богдановиќ, влезе меѓу рекордерите во НБА

Бојан Богдановиќ, лидерот на Јута Џез игра сезона од соништата. Хрватскиот репрезентативец во триумфот на „џезерите“ над Оклахома Сити 116:103 постигна 35 поени од кои дури 33 беа од шут за три поени.

Богдановиќ на тој начин стана прв играч во историјата на НБА со 11 тројки а притоа со само еден шут за два поени  кој го промаши. Бојан погоди 11 тројки од 18 обиди и стана првиот кошаркар во клупската историја на Јута Џез со толку погодени тројки.

Постави личен рекорд на тројки и стана 14. играч во историјата кој погодил најмалку 11 тројки на еден меч. Рекордер и натаму е невозможниот Клеј Томпсон кој постигна 14 тројки на еден натпревар. Зак ЛаВин и Стеф Кари имаат уфрлено по 13, а Коби Брајант, Донјел Маршал и Стеф Кари и по 12 тројки во еден дуел.

Поентерскиот рекорд на кариерата во НБА Бојан Богдановиќ го постави минатата сезона кога против Денвер постигна дури 48 поени, а сезонава рекорд му е 38 поени исто против Нагетси.

7 март 2022 - 09:04