Никола Јокиќ по втор пат избран за најдобар играч во НБА

Лидерот на Денвер Нагетс ќе може да се пофали дека станал само тринаесетти играч во целата историја на НБА кој два пати по ред му израдувал на највредната поединечна награда која се доделува во светската кошарка.

Адријан Војнаровски, новинарот на ЕСПН кој секогаш има најповерливи и најсигурни информации од прва рака, тврди дека лидерот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ втора година по ред добил најмногу гласови во избор за МВП на сезоната. Србинот во актуелнава сезона имаше по 27,1 поен со 13,8 скока во просек и 7,9 асистенции.

Сезонава Јокиќ стана и првиот играч во историјата на НБА со најмалку 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции. Тој е 13-ти кошаркар во историјата кој две сезони по ред добива МВП награда за најдобар играч во целата лига.

Денвер имаше 48 победи најмногу благодарение на него, а во плејофот без поддршка од соиграчите Јокиќ одигра одлично но Нагетс испаднаа од Голден Стејт Вориорс.

Конкуренција на Србинот за признанието му беа сјајниот центар на Филаделфија Џоел Ембид и капитенот и мега ѕвезда на шампионот Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо.

ПОВЕЌЕКРАТНИ ОСВОЈУВАЧИ НА МВП НАГРАДАТА ВО НБА:

6 - Карим Абдул Џабар (Милвоки Бакс, ЛА Лејкерс)
5 - Бил Расел (Бостон Селтикс), Мајкл Џордан (Чикаго Булс)
4 - Вилт Чемберлен (Филаделфија Вориорс, Филаделфија Севентисиксерс)
3 - Мозес Мелоун (Хјустон Рокетс, Филаделфија Севентисиксерс), Лари Бирд (Бостон Селтикс), Ирвин Меџик Џонсон (ЛА Лејкерс)
2 - Боб Петит (Сент Луис Хокс), Карл Мелоун (Јута Џез), Тим Данкан (Сан Антонио Спарс), Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс), Стив Неш (Феникс Санс), Јанис Андетокунбо (Милвоки Бакс).

 

9 мај 2022 - 15:49