Македонската фудбалска репрезентација очекувано го совлада тоталниот аутсајдер Гибралтар со 0:2 (0:1) и по ремито со Бугарија сега има 4 бода. Мечот ќе се памети по бравурите на Барди и Николов кои беа стрелци на головите, но и по потегот на Џани Алиоски кој прекина една убава акција на Македонија поради тоа што противнички играч лежеше на тревникот.
На едно интересно и несекојдневно игралиште, „Викторија Стадион“ на Гибралтар кој има капацитет од 5.000 гледачи, но денес не беше полн, Македонија како апсолутен фаворит освои важни бодови.
Македонската фудбалска репрезентација води на Гибралтар 0-1 со гол на капитенот Енис Барди кој после соло акција постигна убав гол за водство кај тоталниот аутсајдер во групата.
Во 1. коло од Лига Ц во новата сезона на Лига Нации, македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 (1:0) против Бугарија. Игравме подобро, имавме повеќе шанси и поголем посед, но освоивме само бод.
Фудбалерите на Леванте одиграа 1:1 на гостувањето против Валенсија, резултат кој не им одговара со оглед на тоа што се на дното на табелата со -6 од испаѓање на 4 кола до крај. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го испука можеби најсилниот удар во кариерата, ама немаше среќа, инаку ќе го имаше голот на колото.
Енис Барди и другарите, ниту со три пенали не успеаа да ја совладаат Барселона која со Чави на кормилото полуде и е во страшна серија од 15 средби без пораз. Домаќините немаа чаре за извонредниот Тер Штеген кој им фати пенал, ама и една ваква шанса која не се пропушта еден на еден. Слалом на Моралес кој ќе добиеше опис со Меси наслови.
По речиси половина век соработка, УЕФА раскина со Панини и се врза со нова компанија, ама нас Панини ќе ни остане во срце, бидејќи по многу патење доживеавме да ги лепиме и да се мењаме со Пандев, Елмас, Нестор и сите други јунаци, а му најдовме посебно место и на Мрме.
Македонската фудбалска репрезентација загуби 2:0 (1:0) на гостински терен од Португалија во финалето од плејофот за пласман на Светско првенство 2022. Достојна партија против 6. селекција на светот составена од бројни ѕвезди.
Со ровитиот Аријан Адеми кој веќе долго време влече повреда, без Елмас и Костадинов кои се суспендирани поради жолти картони и без повредениот Адис Јаховиќ, нашите момци ќе мора да стегнат заби и да се обидат да направат нов историски подвиг.
Мачна сезона имаат фудбалерите на Леванте кои се бетонирани на дното во Ла Лига со само 3 победи по 28 кола. Викендов одиграа дома 1:1 против Еспањол, а очајно им се потребни победи. Енис Барди намести гол, ама до несмасен колега кој не смееше да си дозволи да промаши ваква шанса.
Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.
Атлетико Мадрид повторно ги разочара своите навивачи откако вечерва изгуби дома од убедливо најслабиот и последнопласиран тим во Ла Лига, Леванте. Гостите победија 0-1 со гол на Мелеро во 54'. Енис Барди играше нешто повеќе од еден час, а неговиот соиграч Микаел Малса распали еден невозможен шут од пола терен кој заврши во пречката.
Лидерот на македонската фудбалска репрезентација прво е осуден на четири месечна затворска казна, но потоа делото е преиначено во условна казна поради прикажување лажна возачка дозвола пред полициски службеници при рутинска контрола.
Фудбалерите на Леванте се изнамачија сезонава и дури во 20. коло успеаа да стигнат до првиот триумф во шпанскиот шампионат. Барди не постигна гол, ама направи маестрална акција по која следуваше маестрална асистенција.