- Капитенот и мотор на македонската репрезентација, бројот 10 на Леванте наскоро би можел да смени средина. За неговите услуги веќе подолго време се заинтересирани сериозни клубови од шпанска Примера и од италијанска Серија А.
- Последно, шпанскиот инсајдерски медиум Ел Чирингито elchiringuitotv објави, а Твитер профилот на Football Macedonia пренесе дека Милан испратил понуда од 6 милиони евра до Леванте за Енис Барди.
- 26-годишниот играч од средниот ред на Леванте е роден на 2 јули 1995 година во Скопје. Кариерата ја почна во чаирска Слога, играл и за младинските категории на Брондби и Преспа Бирлик.
- Од 2014 до 2017 Барди беше член на унгарски Ујпешт (79 меча, 20 гола) а класата ја потврди во шпански Леванте каде дојде на 17 јули 2017-та. Во претходниве сезони стана еден од најдобрите организатори на игра во шпанската лига а извесно време им беше и главен конкурент на Лионел Меси и Кристијано Роналдо за голови постигнати од слободен удар.
- Доколку се оствари трансферот во Милан, Енис Барди би можел да стане првиот македонски фудбалер кој заиграл за росонерите. Претходно Дарко Панчев го носеше дресот на градскиот ривал на Милан, Интер.
- Во ситуација кога Милан го обновува средниот ред, Барди би имал сигурно место во стартната постава.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.