Ексклузивен партнер на УЕФА ќе му биде американската компанијата Топс, која веќе има договор за изработка на албумите за ЕП 2024 и 2028.
Веќе им е официјалнен партнер на клупските натпреварувања на УЕФА, меѓу кои и Лига на шампиони.
Култната италијанска компанија Панини ги произведе албумите за сите Светски првенства од 1970 (соработката со ФИФА продолжува) и сите Европски од 1976, a последно му беше токму ЕП 2020 кое ние македонските фанатици за фудбал ќе го паметиме доживотно.
Еуфоријата со Панини, што за Македонија беше историски момент, почна лани ова време, а за да дојдеш до албум требаше да се чека во ред.
Во долгите колони хит беше Игор Ангеловски, кој како селектор се измеша меѓу луѓе за да си купи албум од хероите кои ги однесе на ЕП.
Најголемото задоволство беше кога ќе ти падне некој од:
Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Егзон Бејтулаи, Висар Муслиу, Кире Ристевски, Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Езѓан Алиоски, Аријан Адеми, Енис Барди, Ељиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бобан Николов, Стефан Спировски, Илија Несторовски, Горан Пандев, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.
На Рики на пример, уште на старт му се падна Рики.
А сред Европско првенство Панини ептен изненади и во продажба пушти специјална сликица.
Тоа беше момент за одбележување, бидејќи се работи за деби голот на Македонија на Европските првенства, кој ќе остане запишан во историјата и тоа постигнат токму од човекот кој ја однесе нашата земја на големата европска сцена.
Каков мерак беше тоа, овековечен во сликица која се продаваше по цена од 10 евра.
Но во албумот нешто фалеше, а тоа се селекторите. Ние му најдовме место на нашиот и изработивме посебна сликица со Мрме, која ја делевме за лепење на местото на Северна. Телефонот ни прегоре, а во пресрет ни излегоа трафиките.