Македонската фудбалска репрезентација очекувано го совлада тоталниот аутсајдер Гибралтар со 0:2 (0:1) и по ремито со Бугарија сега има 4 бода. Мечот ќе се памети по бравурите на Барди и Николов кои беа стрелци на головите, но и по потегот на Џани Алиоски кој прекина една убава акција на Македонија поради тоа што противнички играч лежеше на тревникот.