Мајсторија на Енис Барди за водство на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација води на Гибралтар 0-1 со гол на капитенот Енис Барди кој после соло акција постигна убав гол за водство кај тоталниот аутсајдер во групата.

Само неколку минути претходно Висар Муслиу направи кардинална, почетничка грешка и му подари една топка на фудбалерот на Гибралтар Валарино кој за среќа не се снајде да го матира голманот Илиев.

5 јуни 2022 - 18:32