И не само од НБА, туку од сите најголеми спортски првенства во САД, шампионите регуларно почнале да ја посетуваат Белата куќа во ’80-те кога на власт најчесто биле претседатели од Републиканската партија: прво Реган, а потоа и Џорџ Буш.
Фразата “Политиката надвор од спортот“ секогаш била само пуста желба и далеку од вистина. Тоа деновиве се потврди во Браазил каде на претседателски избори победи кандидат околу кој се подели земјата а имуни не останаа ниту спортистите и фудбалските клубови.
Синоќа компанијата Nike соопшти дека 30-годишниот играч во американски фудбал, Колин Каперник ќе стане нивно официјално лице во новата рекламна кампања со светски познатиот слоган Just Do It. Тоа предизвика бурни реакции во Америка.
Пред пет дена во Турција заврши најбедниот преоден рок во последните 11 години. Клубовите потрошиле вкупно 49 милиони што беше „мачкина кашлица“ во изминатите сезони - лани потрошија 110 милиони, а 10 години по ред потрошените пари за трансфери не оделе под 60 милиони евра.
Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.
На маргините од средбата за која зборува целиот свет се огласи и Денис Родман, другарот на Ким Јонг-Ун кој за СиЕнЕн кажа дека цела Америка го напаѓала поради блискоста со лидерот на Северна Кореја но на крајот тој испаднал во право.
Во немирите кај појасот Газа загинале 58 Палестинци што е најголем број загинати во еден ден по избивање на немирите во 2014-та а повеќе од 2.000 се повредени.
Еден од клубовите со најрадикални навивачи во Израел, Беитар од Ерусалим во знак на благодарност до американскиот претседател реши во своето име да додаде и Трамп. Така ќе настапуваат на официјални натпревари.
Навивачите на сиријскиот клуб Тишрин спремија два транспаренти посветени на првиот човек на САД кој реши да ја нападне Сирија. Едниот е: „Доста убивате луѓе во име на мирот“, а другиот ќе го разберете.
Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.
Дете на мигранти од Конго, капитенот на белгиската фудбалска репрезентација и на англискиот лидер Манчестер Сити важи за еден од најинтелегните играчи на денешницата. Не го занимаваат шарени копачки и фризури со гел, туку нешто далеку подлабоко.
Иако е селектор на Македонија и тренер на Металург, Лино Червар ниту една буква не го асоцира со нашиве ракометни простори каде е укотвен 7 години. Нејсе. Има што да се прочита во интервјуво. Доктор е за ракомет, учител за младите и човек кој работите ги анализира длабоко и суштински.
Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.
Бидејќи утринава сите читатели ќе се лепат на веста за новиот избор на претседател во САД и ќе успееме да ги натераме да читаат спорт само ако напишеме дека Меси потпиша за Реал Мадрид, ете и ние ќе бидеме ин. На некој му текнало да склепа неколку фудбалски фотомонтажи од познати моменти на кои Трамп е победникот, а Клинтон лузерот, но бил спремен и за обратното.
Го снимиле како го прашува неговиот одгледувач на коњите дали да го избрка тренерот или не, прославувал триумф над Реал Мадрид качен на слон по улиците, пред мечот против Ајакс го нарекол овој клуб ФК Конго поради многуте црномурни играчи од Суринам.