Летово 5 најзвучни трансфер во турската Супер Лига се:
- Ислам Слимани (од Лестер во Фенербахче) позајмица од 1,5 милиони евра;
- Баду Ндиаје (од Стоук во Галатасарај) - позајмица 0,75 милиони евра;
- Андре Ајо (од Свонси во Фенербахче) - позајмица 1,5 милиони евра;
- Адем Љаиќ (од Торино во Бешикташ) - позајмица 1,25 милиони евра;
- Лорис Кариус (од Ливерпул во Бешикташ) - позајмица од 1 милион евра.
Пред последната фаза од кариерите во Турција играа Дидие Дрогба, Весли Снајдер, Робин ван Перси, Лукас Подолски, но сите тие беа принудени порано да заминат поради пензионерската возраст.
На списокот на топ-играчи во лигата останаа 34-годишниот Рикардо Кварежма и 35-годишниот Пепе.
Објаснувањето за ова е просто - катастрофата на турската економија. Од почетокот на годината турската лира ослабнала во однос на доларот за 40 проценти. Претходно доларот бил 3,8 турски лири а сега е 7 лири.
Основна причина за ваквата катастрофа, велат аналитичарите е желбата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го крене рејтингот со тоа што ги спуштил драстично каматните стапки.
Ова довело до гигантска инфлација, огромен дефицит на буџетот и крах на националната валута.
Ако претходно инвеститорите биле спремни да вложуваат во локалната економија, односот на претседателот сега ги вознемирил и никој не сака да ризикува.
Минатиот месец Ердоган за министер на финансии го назначил својот зет и ја нападнал независната централна банка. Банката ја зголемила каматната стапка за да се спасува од инфлација, а Ердоган пак, бил уверен во спротивното: зголемување на каматната стапка води само ќе ја влоши состојбата.
Минатата недела Ердоган за крахот ги обвинил „терористите на социјалните мрежи“ кои нанеле штета со ширење шпекулации за зголемениот курс на доларот. Тој додал и дека турската економија е стабилна и дека нема никакви ризици од загуба.
Буквално после неколку часа турската економија доживеала уште еден сериозен удар, овојпат по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп кој ја зголемил тарифата на извоз на алуминиум од Турција.
***
Сево ова се одразило на фудбалот:
- Договорите со суперѕвездите се поврзани со валутата и клубовите тешко ги убедуваат потенцијалните засилувања да дојдат. Ако не беше Фенербахче каде игра нашиот репрезентативец Ељиф Елмаз, преодниот рок ќе беше досаден. Среќа по турските топ клубови е што ќе играат во еврокупови па од учеството ќе земат убави бонуси.
- Поради падот на куповната моќ на населението, опаѓаат и приходите на клубовите.
- но медалот има и две страни па така конечно во турскиот фудбал шанса ќе добијат домашните играчи.
Во јуни Ердоган победи на изборите со 52,4% од гласовите.
Односот на навивачите на клубовите кон власта е драстично сменет за разлика од изминатите години и ако тие станат активен дел од опозицијата, на власта може да и биде потешко.
Во 2013 година во Турција избија масовни протести коишто отворено ги поддржаа навивачите на Фенербахче и Бешикташ, особено овие вториве кои беа во први редови.
На улици тогаш излегле повеќе од 2 милиони луѓе а во нередите со полицијата загинале 10 лица.
Набрзо тој бунт бил задушен но властите не успеале во целост да ги потчинат сопствениците на клубовите. На пример сопственикот на Фенербахче, мулти-милионерот Али Јилдирим Коч ги поддржал протестите во 2013-та година а не може да се каже дека тој денес е на страна на властите.
Турските стадиони кои најчесто се полни до последно место, повремено вријат со притаен гнев. А како лирата повеќе слабее, тој гнев ќе биде посериозен.