Реал Мадрид стигна до рекордна низа од три трофеи во Лига на шампиони. Педантните љубители на фудбалот и интернетот забележаа нешто интересно околу составот кој ги одигра последните две финалиња.
Легендата на Милан, Јувентус и општо на италијанскиот фудбал од синоќа и дефинитивно е во фудбалска пензија. Како никогаш до сега гледаме толку многу легенди на едно место за еден човек, кој очигледно многу вредел.
Целата приказна датира од далечната 1923 година кога француските тенисери играле Дејвис Куп против Австралијците а капитенот на Франција му ветил на Рене Лакост дека ќе му купи куфер од крокодилска кожа ако победи.
Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.
Јувентус е италијански бренд кој тргна „по патот на свилата“. Гигантот Нетфликс направи серијал за фудбалскиот хегемон којшто го допре плафонот во Италија и сега се шири на другите големи континенти каде ја запознава публиката со својата големина.
Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.
Премиерлигашот Хал е најверен на старата школа, затоа што повеќе од половина играчи во екипата не сакаат да слушнат за шарените копачки, кои се омилени во Манчестер Јунајтед.
Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.
Фудбалерот кој хрватската спортска јавност го гледаше како предводник на младите, се одлучи да го соблече „коцкестиот“ дрес и да го прифати повикот на Бошко Ѓуровски. Хрватот роден во Шибеник, со македонски корени вечерва ќе дебитира против Луксембург и ќе заигра со неговиот братучед, Агим Ибраими.
Бајката на американската тинејџерка Сиси Белис на УС Опен заврши во третото коло, но и покрај тоа таа остана најпријатното изненадување на годинешниот Мастерс во Њујорк.
Откако го воодушеви тенискиот свет со победата против Чибулкова, 15. годишната тенисерка од Калифорнија стана најпријатното изненадување на Флешинг Медоус годинава.
Светската фудбалска куќа ѝ предложи на Русија да не гради многу стадиони за Светското првенство кое во оваа земја треба да се одржи за четири години. Русите планираат планетарното фудбалско збиднување да се игра на 12 стадиони во 11 града.
Репрезентациите вообичаено ги претставуваат своите земји со боите на знамињата кои ги носат на своите дресови, но тоа не важело само за една селекција која на првото Светско првенство заминала без никакви амбиции и со идеја да привлече симпатии кај домаќините.
Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.