Вајс верзијата на битката за „Македонија“

Во Атина на протестот на Грците против Македонија се појавуваат и Вајс и прават репортажата налик сето она што го создаваат западни медиуми кога се во прашање теми на периферијата на нивниот интерес - површно и со што е можно повеќе кадри од гужва. Она што е поинтересно од стилот на Вајс е приказната на Грците и прекршувањето на неколку наши стереотипи.

Објаснувајќи дека Грците протестираат против името Македонија, Вајс прави мини историска ретроспектива дека во 1991 се појавува нешто кое се вика Република Македонија иако претходно во Грција веќе постоел регион што се вика Македонија.

Во разговорите со луѓето од протестите, кои во изданието на Вајс е „марш на милион луѓе“ има и млади, на кои им е исклучително важно светот да знае дека една е Македонија, и таа е грчка. Вклучително и луѓе кои се помлади од самиот проблем на Грција со името Македонија. И покрај нашиот сеприсутен стереотип дека „доле во Атина никој не се замара со името“ излегува дека тие не се замараат како ќе се викаме се додека името не го содржи зборот „Македонија“:

Подеднакво „не се замараат“ ни старите Атињани, на кои никако не им е спорно нашето влегување во НАТО и ЕУ, се додека тоа не го правиме со назив во кој како било го има зборот Македонија:

Од професионалци, новинарката на Вајс разговара Ангелос Сиригос, професор по меѓународни односи, кој објаснува дека потеклото на целиот овој сегашен притисок е заради намерата на НАТО и ЕУ да ја соберат Македонија во своите редови, како одбрана од заканата од Русија.

 

Целата репортажа:

Претходно Вајс имаа една слично холивудизирана репортажа од овие простори од белградското дерби, во која целото постоење на ривалството меѓу гробари и делии го сведоа на падот на комунизмот + сиромаштија.

13 февруари 2018 - 16:06