Offside

Некогашниот македонски репрезентативец Илија Несторовски кој врвот на кариерата го имаше во италијански Палермо каде од коло во коло даваше голови против големите италијански клубови, сега после неколку повреди се врати во Хрватска од каде го трасираше фудбалскиот пат. Игра за Славен Белупо и тоа како игра.

Леброн Џејмс стана најстар играч со трипл-дабл

Лос Анџелес Лејкерс со 124-104 го совлада Далас Маверикс и ја забележа 33-та победа во основниот дел од НБА лигата. Леброн Џејмс ги водеше до триумф со 28 поени, 12 асистенции и 10 скока за 35 минути на паркетот.

Двете махерски тројки на Нено

На Димитријевиќ му тргна во Германија. Игра одлично во дресот на Баерн Минхен предводен од Светислав Пешиќ. Имаше дабл-дабл учинок против Макаби Тел Авив, но за жал не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз. Издвојуваме две јаки тројки од него, едната за продолженија на мечот.

Одлична партија на Ненад Димитријевиќ за Баерн Минхен

Макаби Тел Авив и Баерн Минхен одиграа супер натпревар а домашниот тим славеше после продолженија 111-106 во „Менора Арена“ во Тел Авив. Ненад Димитријевиќ беше еден главните играчи кај Баерн со 15 поени и 10 асистенции, супер дабл-дабл учинок зачинет и со два скока. Токму Димитријевиќ со луда тројка на 9 секунди  пред крајот му донесе израмнување на Баерн и го однесе мечот во продолженија.

Атлетико ја разби Барселона како ретко кој

Во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот Куп, Атлетико Мадрид ја развали Барселона 4-0 со сите четири гола постигнати уште во првиот дел.

Херојскиот супервелеслалом на Федерика Брињоне вреден злато

24 скијачки не успеаја да ја завршат трката на тешката патека со многу ветер. 35 годишната Италијанка ги занемари временските услови и после ужасна повреда која и ја загрози кариерата, блесна на патеката „Олимпија деле Тофане“.

Статистиката на Јокиќ до Ол старот

Специјалистите за статистика Опта, извадија јак податок за Никола Јокиќ, кој дефинитивно ја промени кошарката во САД. Единствен во историјата е со вакви бројки од почеток на сезоната до Ол стар игрите.

Ана Цветановска го подобри резултатот од Пекинг 2022 за повеќе од 3 минути

Вториот наш претставник на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, го освои 105. место во дисциплината крос-кантри во нордиско скијање.

„Ако сакате да го спасите Ол-Стар, нека играат белци против црнци“

Контроверзниот и секогаш спремен на ризик водител Ник Рајт од каналот ФС1 во гостување кај Бил Симонс кој го води подкастот First Things First имаше необична идеја која предизвика врева во американскиот спортски аудиториум.

Дома си е дома, после 14 години дена Инсиње се врати во Пескара

Триесет и четири годишниот Лоренцо Инсиње, легендарниот фудбалер на Наполи кој освои Европско првенство со Италија, по авантурата во студената Канада, се враќа дома, во Пескара. После 5.000 денови одново го облече дресот на матичниот клуб. Влезе од клупата за резерви на дуел против Катанѕаро на култниот стадион „Адриатико“.

Абе каков ајфон, Бобан држи апарат со стикери

Бобан Марјановиќ во друштво на студенти го украде шоуто на кошаркарски натпревар.

Еднаш и Златан да изгуби топка

Ибрахимовиќ беше една од ѕвездите на церемонијата на отворањето Зимските олимписки игри. За БиБиСи сними интересно видео во кое објаснува како се станува шампион во Милано. За време на снимањето падна жонглирање, мајтап, ама и топка.

Бугаринот запрен на контрола, медалот од Олимписки игри му свирел

Бугарите имаат мошне пристоен број олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина каде дојдоа со 20 спортисти (12 мажи и 8 жени) во 6 спорта. Веќе освоија и две медали, две бронзи. Прв после 20 години на Бугарија медал од ЗОИ ѝ донесе 20-годишниот Тервел Замфиров во сноуборд. Три дена после него и Лора Христова направи голем подвиг со осовена бронза во бијатлон. Тервел имал комична ситуација со медалот на една контрола.

Украинец исфрлен од Зимски олимписки игри поради кацига

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го отстрани украинскиот скелетонист Владислав Хераскевич од Зимските олимписки игри во Италија. Причина за тоа е контроверзната кацига.

Олимпискиот сон во спомен на родителите на Максим Наумов

На мразот во Италија не се лизгаше само еден спортист и тоа не беше само спортски момент. Тоа беше човечка приказна. Трагедија што го промени животот. Публиката во Милано стана на нозе.

Од таму мајсторе ни Михајловиќ нема погодено

Нисколигашки меч од Италија меѓу Виртус и Либертас, ни носи ретко видена мајсторија од слободен удар. Од таму обично сите нафрлуваат, а царов ја свитка во гол.

Ова не се памети: Њујорк Никс ја разби Филаделфија со 49 поени разлика

Њујорк Никс ја забележа втората најубедлива победа во клупската историја, а рекордот го поставија пред неколку дена, односно на 21 јануари кога го победија Бруклин Нетс со неверојатни 54 поени разлика. Сега на ред им дојде Филаделфија и тоа на гости.

15 години од страшниот гол на Вејн Руни со Сити

На 12 февруари 2011-та година, Вејн Руни го постигна најубавиот гол во неговата богата кариера и еден од најпрекрасните евроголови некогаш дадени. Во дербито против Манчестер Сити за победа од 2-1 на „Олд Трафорд“.

Се збуни колешке а?

И во пинг понг има по некој Јокиќ лик кој ги шокира оние од негова екипа.

Авторитетот на Ноер пуштен на најјако

Со головите на Кејн и Диаз, Баерн го совлада Лајпциг со 2:0 и по дури шест години обезбеди полуфинале во Купот на Германија. Интересна ситуација се случи меѓу Мануел Ноер и 19 години помладиот Конрад Хардер.

Трипл-дабл на Јокиќ за само три четвртини

На секои два дена Денвер има натпревар, на секои два дена Никола Јокиќ лупа трипл-дабл. Ќе го стигне Вестбрук, од тоа нема бегање.

Фрањо од Швајцарија е чудо на Зимските олимписки игри - денес стигна до трето злато

Дваесет и четири годишниот Швајцарец роден во Берн после златниот медал освоен во спуст и во тимска комбинација, сега се качи на највисокото место на подиумот - освои злато и во супер џи на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Изведување кое ја збуни цела НБА

Хјустон Рокетс славеше против Лос Анџелес Клиперс со 102:95. Гостите во еден момент ја изведоа од своја половина и не знаеа кај тераат. Се чудеше и публика и судии и коментатори. Ако се збунивте и вие, ќе сконтате од втора зошто им е одземена топката.

Имане Келиф зборува за „природниот“ машки ген и прифати тестирање на полот за ЛОИ 2028

„Не направив ништо за да го променам начинот на кој природата го направи со мене. Затоа не се плашам. За следните игри ако има потреба ќе се тестирам. Немам проблем со тоа. Не се кријам“.