„Ако сакате да го спасите Ол-Стар, нека играат белци против црнци“

Контроверзниот и секогаш спремен на ризик водител Ник Рајт од каналот ФС1 во гостување кај Бил Симонс кој го води подкастот First Things First имаше необична идеја која предизвика врева во американскиот спортски аудиториум.

Домаќинот на подкастот Бил Симонс кој на времето работел во ЕСПН и напишал книга за кошарката која се вика баш така „Книга за кошарка“, вели дека НБА Ол-Старот може да се оправи и врати во некогашната слава.

Но неговиот гостин Рајт не мисли така.

„Се оправа за четири години... Ако твојот Кон Кнупел (ѕвезда на Шарлот Хорнетс, 20 години) продолжи по оваа траекторија... И ќе мора да кажеме: 'Знаеш што? А вестите ќе бидат вџашени! Белци против Црнци! Лука, Џокер, Флег (Купер), Ривс, Кнупел против Вемби, кој било... Ти кажувам сега, момците би играле е**но јако! Тоа би бил навистина врв од натпревар“, рекол Рајт и ја засилил и онака чуствителната атмосфера во тамошниот простор.

Ол-Стар натпреварот стана синоним за лагана, мрзелива игра - зошто никој не сака да се повреди на сред сезона, и многу слаба одбрана се игра. Резултатот на ова е огромен број поени со алеј-ап забивања и милиони обиди за тројка.

Во очаен обид да го направи егзибицискиот натпревар гледлив, НБА лигата го менуваше форматот како што ги менува дресовите. Годинава ќе играат САД против Светот. Минатата година имаше четири тима и никој не ги ни памети. Лани гледаноста беше помалку од 5 милиони гледачи во САД и тоа на најголемите канали ТНТ, ТБС и ТруТВ.

„Тоа сигурно би донело многу теми на муабет таа недела“, вели Симонс на идејата на Рајт да играат белци против црнци на Ол-Стар.

„И доаѓаме близу до местото каде што би се играло. Ох! Тоа би бил навистина добар натпревар!“, вели Рајт и додава дека тимот од белци би ги имал сите Источно Европјани како Никола Јокиќ (Србија) и Лука Дончиќ (Словенија) меѓу другите.

12 февруари 2026 - 13:53