На 41 година Леброн стана најстариот кошаркар кој успеал да направи подвиг и да стигне до трипл-дабл. Нему годините не му претставуваат проблем. Одлични беа уште и Руи Хачимура со 21 поен и Џексон Хајс со 16 поени, 7 скока и 4 асистенции.
Повеќекратниот НБА шампион и еден од најголемите играчи на сите времиња забележа 14 поени и 6 асистенции во првата четвртина, а до полувремето стигна до 18 поени, 8 асистенции и 4 скока. Во трета четвртина стана двоцифрен а последната четвртина ја одигра цела и стигна до 10-от скок.
Тој пред неколку дена беше избран за Ол-Стар натпреварот кој требаше да биде 22-ри во неговата богата кариера, но поради тоа што пропушти 18 натпревари сезонава нема право да се натпреварува.