Одлична партија на Ненад Димитријевиќ за Баерн Минхен

Макаби Тел Авив и Баерн Минхен одиграа супер натпревар а домашниот тим славеше после продолженија 111-106 во „Менора Арена“ во Тел Авив. Ненад Димитријевиќ беше еден главните играчи кај Баерн со 15 поени и 10 асистенции, супер дабл-дабл учинок зачинет и со два скока. Токму Димитријевиќ со луда тројка на 9 секунди  пред крајот му донесе израмнување на Баерн и го однесе мечот во продолженија.

Прв стрелец кај Баерн беше лидерот Андреас Обст со 33 поени а 17 поени со 8 скока забележа Дејвид МекКормак. Во израелската екипа имаше шест двоцифрени играчи а се издвоија Роман Соркин со 21 поен, 7 асистенции и 4 скока и Тамир Блат со 20 поени, 9 асистенции и 6 скока.

Баерн Минхен чиј тренер Светислав Пешиќ има голема доверба во Нено Димитријевиќ, е на 14-то место во Евролигата со учинок 12 победи и 16 порази.

Standings provided by Sofascore
13 февруари 2026 - 09:54